06:56 - 4 април, 2026

Саша Поповиќ проговори за новата водителка и промените во „Ѕвездите на Гранд“: Откри и зошто Цеца нема да биде таму

Снимањето на емисијата „Ѕвезде Гранда“ продолжува и по зимската пауза, а Саша Поповиќ веднаш најави големи промени.

Водителката Сања Кужет замина на породилно, поради што на нејзино место ќе дојде Ана Севиќ, а дополнително на снимањето денеска нема да присуствуваат дури двајца членови на жирито.

Како што рече Поповиќ, Светлана Цеца Ражнатовиќ не дошла бидејќи е болна и има висока температура.

– Расположен сум. Имавме пауза од 100 дена. Продолжуваме со малку изменет тим. Ана Бекута од валидни причини нема да снима пет емисии, а наместо неа ќе дојде Драган Којиќ Кеба, а бидејќи Цеца вчеравечер имаше 40 температура, денеска ќе ја замени Ивана Питерс – изјави Саша.

Саша вели дека прва му паднала на памет Ана Севиќ.

– Кога Сања ми кажа дека е бремена и дека на крајот на февруари ќе биде во петтиот месец, бидејќи тешко ја поднесува бременоста, помислив дека не ѝ е добро да продолжи со емисиите. Веднаш на памет ми падна Ана Севиќ бидејќи и порано беше водителка. Прво што ја прашав беше како се децата и како изгледаш – рече тој.

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....