13:10 - 7 ноември, 2026

Јелена Розга ја откри тајната на својот изглед: Сè е можно без операција

Јелена Розга (46) е една од најуспешните хрватски ѕвезди. Покрај нејзиниот талент за пеење, многумина се воодушевени од нејзиниот изглед бидејќи делува како да не старее.

Во разговор за телевизија „Блиц“, таа ја откри тајната на нејзиниот младешки изглед.

„Сè е можно без операција, без претерување. Ова е доказ дека сè е можно со добра грижа, со здрав живот, многу сон и што е можно помала иритација. Не ми е тешко да им одолеам на трендовите, кои се актуелни денес, затоа што знам што сакам“, истакна таа.

@blictvofficial Jelena Rozga se NE MENJA! ❤️👏🏻🤩 #blictelevizija #blictv ♬ original sound – Blic TV

Сега на интернет се појави шега за неа, која ја насмеа и самата пејачка.

„Јелена Розга е мистеријата на универзумот. Се колнам кога имав 12-13 години, таа беше 35-40 и жешка. Сега имам скоро 40, а таа сè уште е 35-40 и жешка“, напиша некој на Твитер, а објавата стана вирална.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....