-0.2 C
Скопје
03:37 - 26 февруари, 2026

Санса Старк од „Игра на тронови“ е бремена: Среќни сме што ќе станеме родители!

Актерката Софи Тарнер (23) и нејзиниот сопруг и музичар Џо Џонас (30) очекуваат бебе. Тарнер и Џонас кои се венчаа минатата година во Лас Вегас се многу возбудени што за првпат ќе станат родители.

Неименуван извор за американските медиуми информираше дека тие ја чуваат бременоста во тајност, но се многу среќни поради тоа.

View this post on Instagram

?? me ?

A post shared by Sophie Turner (@sophiet) on

Сѐ се чува во тајност, но нивните семејства и пријатели се многу возбудени поради бременоста. Софи промени цела гардероба за да се прилагоди на своето тело – пренесува извор близок до парот.

Британската актерка својата светска популарност ја стекна со улогата на Санса Старк во серијата „Игра на тронови“, а за музичарот се омажи во мај минатата година.

Фото: Инстаграм

Најпрво Тарнер и Џонас својата врска ја официјализираа со брак во Лас Вегас, а во јуни имаа гламурозна венчавка. Прославата се одвиваше на луксузен имот во Прованси, каде се наоѓа дворец од 18 век.

Софи неретко во јавноста зборува за тоа дека е многу среќна со Џонас и дека одлично се разбираат, во однос на тоа дека и двајцата се дел од шоубизнисот.

Џо Џонас пред бракот со Софи беше во врска со пејачките Тејлор Свифт, Деми Ловато, како и со моделот Џиџи Хадид.

Слични објави

Кумот на Милица Тодоровиќ проговори за оженетиот партнер на пејачката: „Колку што знам…“

Еспресо

Оливера Балашевиќ објави: „Ми пристигнува внук, мал капетан на Панонската морнарица“

Еспресо

„Луда е како ѕвоно“: Едита си кажа што мисли за Карлеуша, до пред две години беа луто скарани

Еспресо

„Имав 19 абортуси“: Морничаво признание на српската ријалити ѕвезда Маја Маринковиќ

Е.А.

Даниел Кајмакоски се врати на сцената по киднапирањето: Настапи на српската Песна за Евровизија

Еспресо

(Видео) Осумдесет и тригодишен маж заврши во видеоспот на Тејлор Свифт, без да знае која е таа

Еспресо
Се вчитува....