03:51 - 12 март, 2026

(Фото) Само од овие 6 земји Србија доби поени од гласовите на публиката на Евровизија: На листата покрај Хрватска и Албанија

Победата на Евровизија ја освоија Швајцарија и Немо Метлер со песната „The Code“, додека Србија заврши на 17. место со песната „Рамонда“ во изведба на Теја Дора.

Сега на површина испливаа резултатите од натпреварот и гласовите на публиката и сите европски земји, а таму се гледа дека само 6 земји ѝ дале поени на Србија.

Србија доби 12 поени од Хрватска, по 5 поени од Австрија, Швајцарија и Словенија, 3 поени од Малта и 2 поени од Албанија.

Веќе со месеци наназад главен фаворит беше Бејби Лазања од Хрватска со песната „Rim Tim Tagi Dim“ и беше на прво место за победа на обложувалниците, додека според предвидувањата на обложувалниците спрската претставничка Теја Дора со песната „Ramonda “ беше на 24. место .

Имено, синоќа покрај публиката гласаше и стручното жири, меѓутоа, следеше голем шок кога српската претставничка Теја Дора доби само 3 поени од хрватското жири.

Сепак, подоцна се појави список на кој се гледа дека публиката во Хрватска на Теја Дора ѝ дала 12 поени.

Инаку, Теја Дора во уметничките кругови е позната како авторка на бројни хитови, а соработувала со многу имиња од регионалната естрадна сцена.

Кој е швајцарскиот победник на Евровизија: „Јас сум само Немо, не се идентификувам како маж или како жена“

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....