5.8 C
Скопје
05:44 - 1 април, 2026

„Сакаме акција и брзо темпо“: Аница за врската со 39 години постариот актер Лазар Ристовски

Младата актерка Аница Лазиќ за првпат проговори за љубовната врска со актерот Лазар Ристовски, кој е 39 години постар од неа.

Како што рекла во интервјуто за „Ало“, последните седум месеци ги поминала на снимање на нова серија, па Лазар ѝ предложил да одат на краток одмор. Тие одлучиле да одат на егозтично патување на Малдиви, за кое таа вели дека не зажалиле.

„Јас и Лазар имаме сличен темперамент и сакаме акција и брзо темпо, а на енергијата на Малдиви се навикнавме побрзо отколку што очекувавме“, изјавила Аница за „Ало“.

Актерката се вратила од ова егзотично патување полна со впечатоци, а убавите плажи и дружељубивите луѓе ја воодушевиле.

„Тоа е местото на најубавите зајдисонца. За изгрејсонцата не знаеме, бидејќи ги преспавме сите“, рекла таа, а потоа додала дека секаде оделе боси:„Шетавме без чевли по најситниот бел песок“.

Овој пар имал можност да запознае многу нови луѓе на Малдиви, но и да научи многу од локалното население.

„Од Малдивците можете многу да научите за природата и нејзиното зачувување, за односот кон животните кои живеат таму, за угостителството и топлината со која го третираат секој гостин. Жителите на Малдиви живеат во сегашниот момент, без стрес или брзање“, заклучила актерката.

Да потсетиме Лазар зад себе има еден брак со Даница Ристовски, а сега многумина се интересираат дали ќе ја однесе пред олтарот и Аница на која, како што вели самата, бракот не ѝ е приоритет.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....