15:04 - 19 април, 2024

Сака младо сирење, овчо месо и риба, станува доцна, задолжително плива, пишува на ливчиња – вака изгледа дневната рутина на Путин

Дури и Владимир Путин, има свој секојдневен живот како обичните смртници, но и како секој друг шеф на држава. Јасно е дека, особено во оваа историска фаза во која рускиот претседател одлучи да ја наруши нормалната „рутина“ на светот со напад на Украина, тој мора да „прекрши“ некои свои рутински навики од блиското минато, но на повеќето од нив се уште строго се држи.

Книгата на Бен Џуда, висок член на Атлантскиот совет, „Кревка империја: како Русија се вљуби и излезе од љубов со Владимир Путин“, ги открива навиките на рускиот претседател кој – барем пред почетокот на војната – не станувал од кревет пред пладне (12 часот), дури и во времето кога бил студент. Откако ќе се разбуди – открива Џуда – следува главниот оброк во денот, појадокот. Неговиот тим дегустатори ја „проверува“ храната пред да му ја послужи во случај да не е отровна, а Путин има голем страв да не биде отруен од некој од неговите лојални луѓе. Навиката, сепак, не е нова, туку од многу години пред нападот на Украина. Како што пишува „Ил Месаџеро“, Путин сака да појадува младо сирење кое никогаш не го пропушта, со омлет или со каша. За пиење има класичен овошен сок, дури подоцна  следува кафето.

Грижата за неговото тело не поминува само преку исхраната, туку и преку вежби: тој секако е негувана и фит личност. Затоа изворите раскажуваат за неколку часа поминати во базен пред да оди во теретана, местото каде што вежбајќи размислива и ги планира своите обврски. Тогаш тој ги следи главните вести од руските национални вести кои се по мерка на Кремљ, во спротивно ризикуваат 15 години затвор,. Конечно, после пладне, околу 14 часот, Путин оди да работи во својата канцеларија. Иако е 2022 година, тој преферира да не користи компјутер  туку само строго хартиени информативни белешки и весници за да се избегнат „секакви безбедносни дупки на интернет“: Поради оваа причина, сè е спроведено на хартија во црвени папки и телефонските повици се направени исклучиво на фиксни телефони од советската војна.

Опсесиите на Путин се повеќекратни: рускиот лидер е опседнат со информации кои пристигнуваат од различни страни на светот, а сите се врзани во голема кожна папка. Внатре можете да читате извештаи за домашниот фронт, што е со меѓународните работи и судски вести. Следува информирање со популарните руски таблоиди и весниците што не ги сака.

Паранојата за храната е многу силна: по појадокот, останатиот дел од денот конзумира начмногу салати базирани на домати, краставици и зелена салата. Сака месо, особено овчо, но омилена храна му е рибата. Не конзумира воопшто слатки, освен во некоја исклучителна, ретка прилика.

Но, од каде доаѓа храната? Секако не од супермаркет. Како што пренесува „Ил Месаџеро“ Путин јаде само храна што доаѓа од земјоделските имоти на неговиот голем пријател, патријархот на православната црква на Москва Кирил.

Слични објави

Познатата Касандра пристигнува во Србија и ќе игра со Биковиќ во „Јужен ветар 3“: Улогата е посебна приказна, ова се деталите

Еспресо

(Фото) На една рака носи 18.000 евра: Александра не штедела на себе, сите гледале во овој скап детаљ

Еспресо

Ќе се вика „Вила Јована“: Дечкото на Јована Јеремиќ ѝ купи луксузна куќа со базен и овоштарник

Еспресо

Со Сергеј Трифуновиќ е приведен и неговиот „дилер“: Нови детали за апсењето

еспресо

Дарко Лазиќ по третпат станува татко: Катарина е бремена!

еспресо

(Фото) Синот на Драгана Мирковиќ јавно ја поддржа мајка си: „И во добро и во зло…“

jasmina.kantardzieva
Се вчитува....