5.8 C
Скопје
01:19 - 1 април, 2026

Рускиот патријарх Кирил: „Секој што ќе умре борејќи се, ќе му бидат простени сите гревови“

Поглаварот на Руската православна црква во денешната проповед им се обрати на граѓаните вклучени во „делумната мобилизација“.

„Црквата признава дека ако некој, поттикнат од чувство на должност и од потребата да ја исполни својата заклетва и да остане верен на неговиот повик, умре во исполнување на својата должност, тоа несомнено ќе биде чин на жртва. И, следствено, оваа жртва ги измива сите направени гревови“, ова во својата денешна проповед го кажа московскиот патријарх Кирил, поглавар на Руската православна црква.

Пораката е јасно упатена до илјадниците Руси вклучени во „делумната мобилизација“ да одат да се борат во Украина.

Во последните денови Кирил неколку пати ги повика верниците да се пријават, често употребувајќи ги овие зборови: „Одете храбро да ја извршите својата воена должност. И запомнете дека ако умрете за својата земја, ќе бидете со Бога во неговото царство“.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....