8.8 C
Скопје
20:40 - 19 февруари, 2026

Рускиот олигарх Мелниченко го спасил своето богатство благодарение на сопругата: вака ги избегна санкциите

Потегот на Андреј Мелниченко за да ги избегне санкциите.

Рускиот олигарх, еден ден пред да стапат на сила мерките усвоени од Европската унија против милијардерите блиски до Путин, ги продал акциите од две големи компании на својата сопруга, со што практично заштедил голем дел од својот имот.

Мелниченко, кој ги основа СУЕК и Еурочем пред две децении, минатата година беше рангиран од Форбс како осми најбогат човек во Русија, со проценето богатство од 18 милијарди долари.

Европската унија го санкционираше Мелниченко, наведувајќи ја неговата наводна близина со Кремљ, на 9 март како дел од обидот на Западот да го казни рускиот претседател Владимир Путин за инвазијата на Украина на 24 февруари.

Санкциите – кои вклучуваат замрзнување на неговиот имот, забрана за влез во Европската унија и забрана на субјектите на ЕУ да му обезбедуваат средства – не се однесуваат на неговата сопруга или ќерката и синот на двојката.

Олигархот е сопственик и на „А“, најголемиот мотосејлер во светот, благодарение на неговите 143 метри должина, но тој е „замрзнат“ од Финансиската полиција во Трст на 13 март. Станува збор за едрена јахта лансирана од производство во 2017 година. Нејзината цена е 530 милиони евра, а бродот тежи околу 13.000 тони.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jonatan Otero (@joni_oterooo)

Мелниченко ѝ ја предаде контролата на двете најголеми светски компании за јаглен и ѓубрива на својата сопруга еден ден пред да биде санкциониран од Европската унија, тврдат три лица кои ги знаат фактите. Мелниченко, кој го изгради своето богатство во руската енергетска индустрија во годините по падот на Советскиот Сојуз во 1991 година, се откажа од својот удел во производителот на јаглен SUEK AO и групацијата за ѓубрива EuroChem Group AG на 8 март на неговиот 50-ти роденден, оставајќи ја сопругата, Александра Мелниченко да ги контролира фирмите.

До 8 март, Мелниченко ги контролираше двете компании преку синџир на подружници и компании кои се протегаа од Москва и швајцарскиот град Цуг до Кипар и Бермуди. Ројтерс ја објави веста по прегледувањето на правните документи. Според три анонимни извори, цитирани од Ројтерс од 2006 година, сопругата на Мелниченко била втора по ред зад нејзиниот сопруг на листата на  сопственици на двете компании во доверливите документи. Тоа би значело дека таа ќе ја наследи сопственоста на фирмите во случај да ѝ почине сопругот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by VladimirSimic1 (@vladimirsimic1)

EuroChem, со седиште во Швајцарија, потврди дека Александра Мелниченко го заменила нејзиниот сопруг како прв  сопственик. „По заминувањето на нејзиниот основач, главната сопственост на доверителскиот фонд кој имаше 90% од акциите во глобалната компанија за ѓубрива автоматски премина на неговата сопруга“, се вели во соопштението на компанијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by VladimirSimic1 (@vladimirsimic1)

Лавров: Русија верува во дијалог со Западот; цел ни е да ги заштитиме цивилите во Донбас; Путин не е болен

Слични објави

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо

Ана Николиќ се пресели во хотел, еве што се случува во нејзиниот стан од 500.000 евра

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Естетска корекција на уши

Еспресо

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Еспресо
Се вчитува....