0.8 C
Скопје
01:16 - 11 јануари, 2026

Роналдо го раскина договорот со Манчестер Јунајтед: Студено проштевање без пари за отштета

Третиот ден од Светското првенство во Катар во 2022 година беше разреден со прилично очекувани, но сепак гласни вести. Манчестер Јунајтед и Кристијано Роналдо, по меѓусебен договор, го раскинаа договорот.

Кристијано Роналдо со меѓусебен договор го напушта Манчестер Јунајтед. Клубот му се заблагодарува за големиот придонес за време на неговиот престој на Олд Трафорд (145 гола во 346 настапи за Манчестер Јунајтед) и му посакува се најдобро на него и на неговото семејство во иднина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Сите во Манчестер Јунајтед остануваат фокусирани на продолжување на напредокот на тимот под водство на Ерик тен Хаг и на соработка за постигнување успех на теренот.

Португалецот ја пропушти претсезоната со клубот, сметајќи на трансфер во друга екипа, но никој не потпишa договор со ѕвездатa.

Роналдо пред Мундијалот даде сензационално интервју за новинарот Пирс Морган и кажа многу непријатни работи за клубот, но и за главниот тренер: „Не го почитувам затоа што не покажува почит кон мене. Ако не ме почитуваш, јас никогаш нема да те почитувам“.

Според Телеграфм  Роналдо нема да добие отштета за предвременото раскинување на договорот. Се чини дека двете страни решиле што поскоро да се разотидат. Пред 37-годишниот напаѓач е  Светското првенство во 2022 година, по што ќе мора да бара нов клуб. Но малку има заинтересрани за договор со скандалозната ѕвезда со висока плата. Поточно, заинтересирани немаше ни изминатото лето, а сега прогнозата на Кристијано му е е уште полоша. На Роналдо му останува само да се докаже на Мундијалот.

Слични објави

„Сакаше да се омажи за мене ако ѝ купам стан и автомобил“: Познат пејач добил директна понуда од Мина Костиќ

Еспресо

Почина мајката на Перо Камиказа: Музичарот објави трогателна фотографија и објава

Еспресо

ВИДЕО | Ела Дворник откри долго чувана семејна тајна: „Мојот татко имаше сериозна болест“

Е.А.

Дневен хороскоп за 10 јануари: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.
Се вчитува....