Холивудските ѕвезди Роберт Де Ниро (76) и Леонарди Дикаприо (45) го промовираат предизвикот наречен „All In Challenge“, а се повеќе познати личности се преклузуваат во истиот. Актерските великани се обидуваат да соберат 100 милиони долари, а мисијата им е да донираат храна за тие што не можат да си ја дозволат во овие тешки моменти.
„Семејствата со недоволни приходи, оние кои останаа без работа, децата, возрасните лица и сите други на кои им е потребна помош сметаат на нас и затоа имаме една молба до сите вас“, најави Де ниро, а Дикаприо како познат долгогодишен хуманитарец објасни каде се ќе бидат дадени донациите и како настанала целата идеја.
Она што е посебно интересно е дека во самиот проект уште од почетокот е вклучен и големиот режисер Мартин Скорсезе (77) со кој оваа двојка работи на филмот „Killers of the Flower Moon“, а на сетот им недостига уште некој статист.
„Некој од вас ќе дојде на снимањето. Ќе се дружи со мене, Лео и Мартин, ќе види како сето тоа изгледа, а ќе може и да глумите“, раскажа Де Ниро и додаде дека добитникот ќе биде повикан и на премиерата на филмот кој во кината треба да се појави следната година.
Воодушевена од идејата, предизвикот веднаш го прифати и Елен Деџенерис (62) која ги номинираше Лаура Дерн и Џастин Тимберлејк, а на предизвикот веќе се приклучија и Џастин Бибер, Кевин Харт, Мик Мили, Двејн Вејд и многу други.