02:31 - 12 ноември, 2026

Ресторан, два стана, куќа и заштеда: Лепа Лукиќ напиша тестамент, но има еден услов за наследникот

Легендарната пејачка на народна музика Лепа Лукиќ неодамна откри дека напишала тестамент, како и дека целото богатство што го стекнала во текот на 50-годишната кариера ќе го остави на својоот внук Радисав, но мора да исполни еден услов.

Имено, во тестаментот стои дека внукот на пејачката ќе добие ресторан, два стана, куќа и целата заштеда на Лепа, но под еден услов, тој да се грижи за мачката Маза.

– Напишав тестамент во кој изјавив дека мојот внук мора да се грижи за мачката, ако заминам пред неа. Радисав треба да се грижи за Маза, да се грижи за неа и да ја гали, а тој ќе наследи сè што сум стекнала во текот на мојот живот. Сето тоа го има во документот што го чува мојот адвокат – рекла Лепа

Пејачката додала дека е многу приврзана за мачката која ја посвоила пред девет години.

-Таа е чудо од мачка, ја гледам како мое дете. Затоа морав да се грижам за неа и да знам дека ќе биде добро кога ќе одам на другиот свет. Од 2011 година ние две живееме заедно како мајка и ќерка – додала Лепа.

Таа нагласи дека со Маза зборува како човек.

-Таа е многу паметна, таа е попаметна од мене! Таа никогаш не се качувала на маса додека јадам, како што прават другите мачки. Таа ја има својата храна и кога ќе каже ‘мјау’, ја прашувам: ‘Сине, кажи ми што сакаш, кажи мајка што сакаш?’ Потоа, одиме заедно до каде ѝ е садот со храна и ја полнам со храната да јаде. Кога ќе се насити, одиме во спалната, го гасам светлото, а таа се качува на креветот и ме чека заедно да спиеме. Да живеев сама ќе се распаднав! Со Маза никогаш не сум сама – раскажува пејачката.

Слични објави

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо
Се вчитува....