8.8 C
Скопје
19:13 - 31 март, 2026

Републиканците најавија истрага против Бајден: Дали бизнисот на неговото семејство е закана за националната безбедност?

Членови на Претставничкиот дом на САД, Џејмс Комер и Џим Џордан, најавија започнување истрага против претседателот Џо Бајден и членовите на неговото семејство.

Според нив, оваа истрага станала приоритет, бидејќи се обидуваат да откријат дали деловните активности на семејството Бајден претставуваат закана за националната безбедност на САД, освен тоа, републиканците сакаат да ја утврдат способноста на претседателот на земјата за непристрасно лидерство.

Конгресмените рекоа и дека Бајден бил вклучен во нелегалните активности на неговиот син Хантер во странство.

„Како дел од нашата истрага, имаме докази дека финансиите, кредитните картички и банкарските сметки на Хантер и Џо Бајден биле измешани, ако не и заеднички. А барем на некои сметки банките кревале црвени знаменца за сопственикот или сопствениците на сметките што укажува на сомнителни или незаконски активности“, истакна Комер на прес конференцијата.

Претходно, Комер вети дека ќе ги истражи финансиските трансакции на семејството на американскиот претседател. Тој истакна дека Републиканската партија неколку години ја истражувала финансиската измама на Хантер Бајден. Комер рече и дека републиканците ќе ги објават резултатите од истрагата во јануари 2024 година доколку успеат да освојат мнозинство во Претставничкиот дом.

Слични објави

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо

(Фото) Виктор Живојиновиќ наполни 28 години: Бренa и Нина Бадриќ му пееле на прославата

Еспресо

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо
Се вчитува....