7.8 C
Скопје
15:38 - 22 декември, 2024

Разговор со Игор Пандев, професионален одгледувач на цвеќиња: Најмногу нега бараат петуниите и сурфинијата, за почетници – идеални се сарделите

Разговараме со Игор Пандев, голем познавач на цвеќињата и растенијата, кој со нивно професионално одгледување се занимава веќе десет години. Вели, љубовта кон цвеќето му се родила уште од детството.

– Отсекогаш се интересирав за размножување на цвеќиња и гледав документарни емисии како се прави тоа на природен начин и истото го испробував во пракса во тоа време, зборувам за пред 25 години, немав ниту саксии, па за саскии најчесто ми служеа лимени и пластични конзерви кои ги прилагодував за тоа. Резултатите од пробите беа успешни, цвеќињата напредуваа одлично – раскаува Игор на почетокот на нашиот разговор.

Koja e разликата во избор на цвеќе за балкон и цвеќе за двор? Кога зборуваме за балкон на што треба да обрнеме внимание пред да купиме цвеќе?

– Балконски цвеќиња се најчесто висечките типови кои се насадуваат во жардињери и прават идеални грмушки. Дворските цвеќиња се најчесто семенски, едногодишни сезонски, но не секогаш мора да биде така. Кога купуваме цвеќе за балконот треба да знаеме колку време на тој балкон го „пече“ сонце , па врз основа на тоа да избереме цвеќе соодветно за тој балкон.

Потребите на цвеќето за сонце се различни, кое цвеќе е идеално за балконите кои се на северна страна, на кои ретко има сонце?

– Сарделите најдобри резултати даваат на источна страна, но има одредени типови на сардели, како калиопе, кои издржуваат на било која страна. Сурфинијата најдобри резултати дава во постудените краеви на државата, бара нега и превентива од штетници и болести. За балкони кои имаат многу малку сонце се препорачува импатиенс, од сите типови.

Јужните балкони пак, се најчесто директно изложени на сонцето, кои цвеќиња се најпогодни?

– Јужните тераси се тешки за одржување особено кај нас каде теемпературите преку лето на сонце поминуваат и преку 50 степени на отворено, се препорачува засена на јужните тераси, секако издржува темјанчето, морската сардела и калиопето.

Кои се идеални сезонски, пролетни цвеќиња за балкон за почетници во одгледување на цвеќе?

– За почетници , препорачувам сардели, не барааат некоја посебна нега, верувам дека кај секој би опстанале. Многу битен кај нив е моментот на садење, најдобри резултати за пресадување се во раната пролет кога растението сè уште не е целосно вегетирано. Ако се чека момент да се стопли многу, тогаш се прави грешка  истите не се зафаќаат и се сушат многу бргу по рассадувањето.

Кои цвеќиња се најзахтевни и ги препорачувате за поискусни љубители на цвеќе? Кое е ваше омилено цвеќе и зошто?

– Најзахтевни се петуниите и сурфинијата, бараат многу нега. Но и покрај тоа луѓето ги сакаат и ги одгледуваат. Полесни за одржување, но и доста поскапи се калибрахоата – 1001 цвет кои се далеку поотпорни од сурфинијата и петунијата, слични се, а се повеќегодишни ако се кројат пред крајот на сезоната.

фотографии од клиентка од Струмица
фотографии од клиентка од Струмица
фотографии од клиентка од Струмица
фотографии од клиентка од Струмица

Инаку, Игор е член на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА ОД ЦВЕЌИЊАТА НА ИГОР.

Фото – приватана архива

Во дворот на Андријана Савовска, мајка на четири ќерки: Сè што се работи со љубов се враќа со убаво!

Слични објави

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо
Се вчитува....