17.8 C
Скопје
12:31 - 3 мај, 2024

Хороскопски знаци кои се ИСКЛУЧИТЕЛНО САМОКРИТИЧНИ, но сепак имаат многу високо мислење за себе

РАК

Луѓето родени во знакот на Рак многу време поминуваат препуштајќи се на мислите што не е или сепак е во ред со нив. Пореметувањата во исхраната редовно се појавуваат кога е во прашање овој знак, а траат цел живот. Никој не троши повеќе време од Ракот прашувајќи се дали доволно се храни здраво или дали неговата тежина е прифатлива.

Не верува во диети, но цел живот се обидува да најде начин како да ги изгуби килограмите. Ракот не ги слуша критиките и не верува во туѓи мислења, туку само во своите. Многу брзо може самиот себе строго да се обвини, бидејќи е премногу „тоа што не сака да биде“.

РИБИ

Рибите сакаат секогаш се да е совршено, а кога не е претпоставуваат дека сѐ лошо што се случува е по нивна вина. Самосожалувањето не е нешто непознато за Рибите, а произлегува од длабоката желба и потреба да се обвинуваат себеси, но и другите.

Можеби некаде сте погрешиле, но тоа не е ни половина страшно како она што го направиле Рибите. Рибите пронаоѓаат необично студена утеха во самосожалувањето и чувството на безнадежност.

ДЕВИЦА

Девицата поминува низ животот така што позади себе влече еден тон вина, без разлика што направила. Не се обвинува себеси бидејќи е лоша личност или затоа што е премногу ова или она. Девиците претерано многу се обвинуваат кога мислат дека згрешиле за некого. Тогаш почнува забавата на вина, буквална побуна на самоомраза.

Кога Девицата ќе почувствува дека згрешила, можете да се простите од неа, бидејќи ќе се препушти на самосожалување и лечење на сопствените рани. „Јас сум толку лош пријател“, но нема да направи ништо за тоа да го поправи.

ВАГА

Вагата најмногу се фокусира на изгледот, а кога не е задоволна со тоа што ќе го види во огледалото, обично цел свет знае. Вагите никогаш не се чувствуваат самоуверено кога е во прашање нивниот изглед, па таа несигурност ја надокнадуваат така што им ласкаат на сите околу себе.

Мислат дека доколку им ласкаат на другите, тие ќе им простат или укажат на нивните физички недостатоци. Тие се жестоки самокритичари но сепак знаат да се ценат себеси и своите постапки.

БИК

Родените во овој знак ги претставуваат најсамоуверените луѓе на планетата, но иронијата е во тоа што покрај тоа тие исто така се едни од најневротичните луѓе. Бикот никогаш не е задоволен со својот изглед, дури ниту кога изгледа совршено.

Овој недостаток на самодоверба е поврзан само со физичкиот изглед, бидејќи во сите останати области се прилично самоуверени. Доколку го прегрнете Бикот, тие подоцна ќе го допрат местото каде што сте ги прегрнале за да се уверат дека сте прегрнале „згоден“ дел од нивното тело.

ЈАРЕЦ

Со оглед на тоа дека Јарецот знае што е добро, а што не, проценувањето и обвинувањето доаѓаат брзо и бесно и секогаш прво се обвинуваат себе. Не сакаат да грешат и не сакаат да признаат дека згрешиле. Јарците не сакаат да се извинуваат, но тоа не значи дека не се чувствуваат тешко. Тешко им е, но такви се за да не ви дозволат да ја видите таа страна од нивната личност.

Тие имаат високо мислење за себе, кога ќе згрешат полудуваат и сите свои аргументи ги користат за да се повредат само себе.

Слични објави

Велигден кај Бреговиќ: За сите по нешто

еспресо

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Промени на добро: Три хороскопски знаци се среќлии на месец мај

еспресо

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо

Џина Џиновиќ повеќе не може да молчи: Јавно се закани, хаос во вилата во Сењак

Еспресо

(Фото) Врелите фотки на Ена Попов го запалија интернетот: Пејачката го покажа телото во секси бикини

Еспресо
Се вчитува....