4.8 C
Скопје
03:13 - 21 декември, 2024

Разговор со Дина Јашари: Меѓу младите уметници постои југословенски дух

Во музичката кариера почнала сама, најголем предизвик ѝ бил тоа што немала финансии за да вложи во процесот наречен правење песна, вклучително и видео запис. Но, токму тоа ја научило младата Јашари да биде креативна и да ги користи ресурсите што ги има. Вели, уште нема пари, ама има другари.

Инстаграм

Разговараме со Дина Јашари, музичка ѕвезда во подем, носител на новиот алтернативен соул-џез-поп стил, фан на новиот скопски музички бран и распознавач на културата.

Дина зад себе има едно ЕП од 5 песни и неколку синглови кои што беа изведени на сите најголеми скопски фестивали, како и во соседните балкански држави. Препознатлива е по нејзиниот харизматичен вокал и нејзиниот „шарен“ перформанс на сцена, носејќи секогаш специјална облека која ѝ прилега на самата атмосфера на настанот, и ултра-вештиот бенд кој е секогаш позади неа да ѝ гo доразубави настапот со мелодични пикантерии.

Освен тоа, Дина ги компонира сама своите песни на кои што отпосле сама ја пишува лириката пред истата да се однесе во студио.

Ѝ поставивме неколку необични прашања, а еве како таа одговори на нив:

Ако твојата музика беше сладолед, кој вкус ќе беше и зошто?

– Сладоледот од „Мекдоналдс“ – минималистичка, носталгична, детинеста.

Што е „најлудото” нешто што ти се случило на сцена додека настапуваш?

– Делев сцена со Васко Атанасовски на турнеја низ Балкан. Само по себе лудо и незамисливо, да ѝ го кажам ова на средношколката Дина нема да ѝ се верува.

Кој е твојот најголем предизвик со кој си се соочила во музичката кариера и како си го надминала?

– Со оглед на тоа дека сево ова го почнав сама, најголем предизвик ми беше тоа што немав финансии за да вложам во процесот наречен правење песна, спот, итн. Тоа ме научи да бидам креативна и да ги користам ресурсите што ги имам, а со тек на време дојдов до луѓе истомисленици што ми помогнаа да ги реализирам досегашните работи, а се надевам и идните. Уште немам пари, ама имам другари (се смее, н.з).

Како Скопје влијае на твојата музика?

– Скопје ме направило тоа што сум, поточно Ченто (се смее, н.з). Ме инспирираше да направам песни, тука ми била дадена шанса да ги испеам тие песни пред луѓе што со тек на време станале мои лојални слушатели. Последнава година често патував и не бев во Скопје, па секое враќање дома ми беше пријатно. Моите луѓе се тука. И не само Скопје, Македонија. Во бендот имам претставници од различни делови на земјава, во тоа е целата убавина и магија меѓу нас.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dina Jashari (@dinqee)

Како го гледаш развојот на музичката индустрија во Скопје во наредните неколку години?

– Гледам многу мои истомисленици што стануваат сѐ побројни. Сплотеност и солидарност, забележувам дека повеќето од нас артистите знаеме често да се најдеме во публика кај наши колеги, без разлика во кои жанрови твориме. На Скопје му фалат повеќе места со пристојни услови за настапување, ако нешто не се смени во врска со тоа, ќе биде многу тешко за развивање некаква музичка индустрија, што во моментов е скоро непостоечка. А, ако зборуваме за некакви мои замисли за македонските артисти, се надевам на поголем ,,извоз” на наши артисти надвор, да се слуша и да се свири македонска музика на екс ју просторот и подалеку, да им кажеме на постарите дека во наше време пак постои тој убав југословенски дух по кој се копнее.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....