1.8 C
Скопје
22:41 - 21 декември, 2024

Работи кои не ги знаевте за Лејди Ди: Мечтаела да стане професионална балерина, а пред титулата работела како дадилка

Светот остана во шок на 31 август 1997 година, кога се прошири веста за сообраќајната несреќа во тунелот во Франција во која животот го загуби омилената британска принцеза. Иако во тој период таа веќе била разведена од принцот Чарлс, и со тоа не била официјално член на кралското семејство, Дијана и понатаму беше принцеза.

Ова се работи што можеби не сте ги знаеле за неа.

– Дијана пораснала во многубројно семејство – имала две сестри, Сара и Џејн и помал брат, Чарлс Спенсер. Тие имале уште еден брат кој починал во 1960 година неколку часа после неговото раѓање.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lady Di <3 (@ladydi_queenofhearts)

– Нејзините родители Франес Шанд-Куд и Едвар Џон Спенсер се развеле кога таа имала 7 години. Растењето во ова семејство, во кое односот меѓу нејзината мајка и татко бил турбулентен, имало влијание врз Дијана, особено бидејќи имало и физичко насилство и афери.

– Нејзината баба по мајка, Рут Роше, била блиска пријателка и личност од доверба на Кралицата Мајка, мајката на Елизабета. Освен што ѝ била лична помошничка, таа ѝ била и другарка.

– Дијана пораснала во куќа во Сандрингам, близу Норфолк, која била во сопственост на кралско семејство. На овој имот се наоѓа и Парк Хаус, куќата во која во 1936 година била родена нејзината мајка Франсес, а и самата Дијана.


– Од мали нозе, Дијана мечтаела да стане професионална балерина, но висината не ѝ дозволувала. Имено, Дијана посетувала часови по балет, но кога сакала да стане професионална балерина, била превисока. -Танцуваше и уживаше во танцот со својата душа. Танцот ѝ даваше чисто задоволство, а таа обожаваше да се движи – изјави нејзината наставничка по танци, Ани Алан, во 2017 година.

-Taa ја добила титулата Лејди кога нејзиниот татко ја добил титулата гроф Спенсер во 1975 година, а Лејди Ди бил нејзиниот прекар, дури и кога се омажила за принцот Чарлс и станала принцезата од Велс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Will&Harry👑 (@william_harry_royal)


– До својата деветта година, Дијана учела од дома, а потоа била испратена во интернат до крајот на нејзиното школување. За жал, ова не било успешно за неа – дури двапати паднала на важнтие испити, така што се отпишала од училиште на 16 години. Учела само еден семестар во училиштето во Швајцарија, кога го запознала принцот Чарлс.

– Пред да го запознае принцот, Дијана работела на многу места, а била и дадилка и наставничка во училиште. Кратко време работела и како негувателка во градинка во Лондон.

– Таа беше првата кралска невеста која работеше и земаше плата до свршувачката. Нејзината снаа, војвотката од Кембриџ, односно Кејт Мидлтон, е првата кралска невеста со факултетска диплома.

– Пред да ја запознае и да се ожени со Дијана, принцот Чарлс бил во врска со нејзината постара сестра Сара, во 70-тите. Токму Сара била таа која ја запознала Дијана со Чарлс. За Дијана, Сара била единствена личност што може да ѝ верува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🙂 (@lilbetdiana)


– Верувале или не, Дијана и Чарлс биле далечни роднини бидејќи и двајцата се потомци на кралот Херни VII. Исто и принцот Вилијам е роднина со Кејт Мидлтон преку сер Томас Леитон.

– Пред да се вери со Чарлс, Дијана со него се сретнала 12 пати. Во тоа време имала 19 години, а Чарлс 32.

– Нејзината венчаница, имала повеќе од 10.000 бисери и со своите 7.5 метри влезе во книгите како најдолг кралски превез.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🙂 (@lilbetdiana)


– Дијана ја прекршила традицијата кога во текот на кажувањето на венчалните завети, одлучи да го отфрли зборот што се однесува до „послушноста“ кон сопругот. Истото го направиле и Кејт Мидлтон и Меган Маркл.

– Дијана прекинала уште една кралска традиција, кога принцот Вилијам одлучила да го роди во болница. Дотогаш, сите членови на кралското семејство се пораѓале во својот дом. И Вилијам и Хари се родени во болницата Св.Мери.

– Дијана дефинитивно не беше типична кралска мајка. Таа сакаше да овозможи колку што е можно понормален живот за Вилијам и Хари. Често ги носеше на прошетка, во кина, јадеа во „Мекдоналдс“ и одеа во забавни паркови.

– Омилената дизајнерка на Дијана беше Кетрин Вокер, со која имаше близок однос. Токму таа е заслужна за некои од најпознатите креации што оставија печат на нејзиниот моден стил.

– Дијана стана дел од историјата кога во 1987 година, беше фотографирана како без ракавици се ракува и поздравува со заболени од ХИВ. Оваа фотографија помогна во ширењето на свеста за оваа болест и едукација за јавноста.

– Нејзината омилена група беше АББА. Интересно е тоа што принцот Вилијам и Кејт Мидлтон на нивната венчавка во 2011 година ѝ оддадоа почест, пуштајќи некои од хитовите на оваа шведска група.

– Проблемите со длабокото деколте на фустаните и многуте фотографи на секој чекор, Дијана ги решаваше со чанта – таа секогаш, особено при излегување од автомобилот, ја ставаше чантата на градите, за да не биде непримерна.

– Своите мисли и сѐ што ѝ се дпоаѓало во животот го зачувуваше на касети за снимање, особено после јавниот развод поради кој полудеа таблоидите. Снимајќи ја својата страна од приказната, Дијана на крај одлучи, со помош на новинарот и пријател Ендру Мортон, сето тоа да го пласира во личната биографија што се најде на пазарот.

– Својот свршенички прстен од 12-каратен саир, опкружен со 14 дијаманти, Дијана го избрала сама. Овој прстен денес го носи Кејт Мидлтон, а со него ја запроси принцот Вилијам.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Diana Spencer (@princessdianalady)


– Само неколку месеци пред смртта, Дијана одржа аукција на 79 од нејзините најпознати фустани за да ја подигне свеста за сидата. Меѓу фустаните се најде и оној во кој играше со Џон Траволта.

– Дијана остана без својата титула откако во 1996 година беше финализиран разводот со принцот Чарлс.

– По трагичната смрт, Дијана беше закопана на имотот Алторп во Нортампт, кој е во сопственост на семејството Спенсер повеќе од 500 години.

Слични објави

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо

(Фото) Ќерката на Цеца скршена по страшниот напад во Загреб: Анастасија се огласи со срцепарателна порака

Еспресо

(Видео) Рапер брутално убиен на паркинг: Се појавија вознемирувачки снимки

Еспресо
Се вчитува....