-0.2 C
Скопје
10:31 - 23 декември, 2024

Путин во Иран ги обновува сојузите против политиката на санкции на Западот; што се случи на средбата Путин, Раиси и Ердоган

Рускиот претседател Владимир Путин го искористи своето прво патување надвор од поранешниот Советски Сојуз откако ја започна таканаречената „специјална операција“ во Украина на 24 февруари за да разговара во Техеран со врховниот водач Али Хамнеи, претседателот Ебрахим Раиси и Турскиот лидер Таип Реџеп Ердоган ја повтори пораката дека Москва не е изолирана и покрај отворената конфронтација со Западот.

Во Техеран, Путин ги потврди „чекорите напред“ направени благодарение на посредништвото на Анкара за деблокирање на извозот на украинско жито од пристаништата на Црното Море.

„Политичарите веќе ја дефинираа посетата на Владимир Путин на Техеран како „историска“. Впрочем, Иран може да стане стратешки партнер на Москва“, предупреди рускиот весник Комсомолскаја Правда.

Патувањето на Путин, неколку дена по посетата на американскиот претседател Џо Бајден, на Израел и Саудиска Арабија, испраќа силна порака до Западот за плановите на Кремљ да воспостави поблиски стратешки врски со Иран, Кина и Индија за да се справи со западната политика на санкции.

„Контактот со Хамнеи е многу важен“, објасни Јуриј Ушаков, дипломатски советник во Кремљ пред посетата, „за повеќето прашања, нашите позиции се блиски или идентични“

Москва и Техеран, во контекст на мисијата на Путин, потпишаа неколку договори во областа на воено-техничката соработка, земјоделството, нуклеарната енергија, ИТ секторот, вселената и безбедноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andrea Sorato (@andrea_sorato9)

Рускиот енергетски гигант Газпром, потпиша нов меморандум за разбирање вреден 40 милиони долари со иранската државна нафтена компанија Ниок, а по средбата со Раиси, Путин рече дека односите меѓу Иран и Русија „се развиваат со добро темпо“.

Од своја страна, Хамнеи повика на долгорочна соработка меѓу Иран и Русија, порачувајќи му на Путин дека двете земји мора да останат „внимателни против западот“, пренесува кориеренационале.

Според врховниот лидер, лидерот на Москва уверил дека ќе ја „одржи својата независност“ од Соединетите држави и повикал на употреба на нивните соодветни национални валути во нивната трговија. „Доларот мора постепено да се исфрли од глобалната трговија“, рече Хамнеи.

Иранската мисија, сепак, беше официјално мотивирана од трилатералната средба меѓу Путин, Ердоган и Раиси. Тројцата претседатели ги оценија напорите за намалување на насилството во Сирија, каде што Анкара нареди започнување на воена операција за проширување на опсегот на „безбедните зони“ долж северната граница на земјата, на што се противат и Москва и Техеран.

„Одржувањето на територијалниот интегритет на Сирија е многу важно и секој воен напад во Северна Сирија сигурно ќе им наштети на Турција, Сирија и на целиот регион и ќе им користи на терористите“, му рече Хамнеи на Ердоган пред трилатералната средба, пренесува кориере национале.

Во најочекуваниот состанок, очи в очи на Путин со Ердоган – прва билатерална средба на рускиот претседател со лидер на земја на НАТО од 24 февруари – двајцата лидери се фокусираа на планот за рестартирање на украинскиот извоз на жито, отклучување на виталните резерви за да се нахранат милиони луѓем особено во Африка и Блискиот Исток. Се очекува Русија, Украина, Турција и Обединетите нации оваа недела да потпишат договор со цел да се обнови транспортот на жито од Украина преку Црното Море, но од Техеран не се појавија нови детали.

„Сè уште не се решени сите прашања во врска со извозот на украинското житоод пристаништата на Црното Море, но фактот дека има придвижување е веќе позитивен“, рече Путин, заблагодарувајќи му се на Ердоган за „напредокот“

Русија, Турција и Иран имаат повеќе заеднички интереси, но според многу аналитичари тие се уште не се солидна основа за траен сојуз. Белата куќа не се двоумеше да коментира дека патувањето на Путин во Ирина покажува „колку Русија е изолирана“, пренесува кориере национале.

 

Слични објави

Александра Пријовиќ го прекина последниот концерт: Свекрвата Зорица, во солзи, целосно скршена

Еспресо

(Фото) Ништо од венчавката вредна 600 милиони долари! Џеф Безос ја демантираше свадбата во Аспен, сè е лага! 

Еспресо

Хороскоп за 23 декември: Вагите ќе имаат љубовни проблеми, Скорпиите ќе бидат под тежок стрес

Еспресо

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо
Се вчитува....