5.8 C
Скопје
07:30 - 1 април, 2026

Путин разочаран од зборовите на Меркел за договорите од Минск: „Кому да веруваме? Довербата на Западот е доведена на нула“

Владимир Путин одржа прес-конференција по неговата посета на самитот на ЕАЕУ во Киргистан. Рускиот претседател, меѓу другото (казната на политичарот Илја Јашин, ситуацијата во Украина, можноста за нова мобилизација, размената на Бут за Грајнер и контактите со САД) бил прашан и за прашан за зборовите на поранешната канцеларка на Германија Ангела Меркел.

– Зборовите на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел дека договорите од Минск се потпишани за да и се овозможи на Украина „да купи драгоцено време и да стане посилна“ ја доведуваат во прашање можната доверба меѓу Русија и Западот, рече Путин, пренсеуваат руските медиуми.

„Ова е разочарувачки. Искрено, не очекував да го слушнам ова од поранешниата канцеларка. Затоа што секогаш претпоставував дека раководството на ФРГ се однесува искрено кон нас. Сега, се разбира, тука е прашањето на довербата. И така, довербата, се разбира, е речиси на нула, но по изјавите од ваков вид, се разбира, се поставува прашањето: како да се преговара за нешто? И дали е можно да се преговара со некого? А каде се гаранциите? Ова, се разбира, е прашањето“, рече рускиот претседател.

Во исто време, тој изрази уверување дека западните земји во секој случај ќе мора да преговараат со Москва. И Русија е подготвена за такви договори, отворена за нив, додач Путин.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....