31.8 C
Скопје
13:59 - 9 септември, 2026

По што беше познат Рони Тарнер, синот на Тина Тарнер: „Овој пат дадов сè од себе. Не можев да те спасам…“

Рони Тарнер, син на пејачката Тина Тарнер, беше пронајден мртов на 62-годишна возраст во својот дом во Лос Анџелес. За жал, Рони не е единственото дете што Тина го изгубила. Нејзиниот најстар син, кој го доби од врската со саксофонистот Рејмонд Хил, изврши самоубиство во 2018 година.

Бројни предизвици

Рони е единственото дете кое Тина го доби во бракот со американскиот музичар и продуцент Ајк Тарнер.

Откако го наследил талентот за музика на неговите родители, Рони свирел на различни инструменти и пеел уште од рана возраст. Сепак, и покрај неговиот талент, тој го избра актерството за своја професија, а се соочи со бројни предизвици во Холивуд.

Сопругата Афида и Рони

Се прослави со улогата во филмот „What’s Love Got To Do With It“, кој излезе во 1993 година. Филмот е базиран на животот на неговата мајка, која се ослободила од физички и психички навредлив брак со неговиот татко, Ајк Тарнер. Рони е добро запаметен по неговата улога во филмот „”Ike and Tina Turner Revue“.

Ајк и Тина се разведоа во 1978 година поради, како што изјавија, меѓусебни разлики. Рони беше единствениот син на Ајк, додека неговата мајка Тина има и други деца од други врски. Неговите браќа и сестри се; Ајк Тарнер Јуниор, Крег, Твана Тарнер Мелби, Линда Трипетер, Миа Тарнер и Мајкл.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Afida Turner (@afida_turner)


Бурен брак и обвинувања за свекрвата

Тој се ожени со француско-американската пејачка и реалити ѕвезда Афида Тарнер во 2007 година. Нивниот брак бил доста бурен, а Афида ја обвинила Тина дека ѝ го свртила грбот. Многупати биле на работ на развод, на што Рони се противел. Иако во 2017 година најавија дека ќе се разделат, сепак се помирија. По неговата смрт се огласи и Афида, која на Инстаграм напиша:

– Овој пат дадов се од себе. Не можев да те спасам. Те сакам… 17 години, ова е многу многу лошо и многу сум лута – напишала таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Afida Turner (@afida_turner)

Иако Рони наводно имал здравствени проблеми, вклучително и рак, причината за неговата смрт сè уште не е позната.

 

Слични објави

Лесен е за приготвување и воопшто не е скап – Колач со диња и вишни

Т.Ц.

Драган Којиќ Кеба дозна дека ќе стане дедо, неговата реакција е урнебесна

E.A.

„Сè поретко бевме интимни, дури и ѝ реков ‘Немој да барам нешто од страна““: По разводот му зеде 150.000 евра, локал и стан

E.A.

Природни решенија: Плакнете ја устата со овие состојки, го освежуваат здивот и ги смируваат воспаленија

Еспресо

(Видео) Ника брутално искрена за гримасите на Душко додека Јелена плачеше

E.A.

Дневен хороскоп за 9 септември: Очекувајте конкретни резултати за вашиот досегашен труд

apostolova
Се вчитува....