7.8 C
Скопје
23:26 - 30 март, 2026

Путин го предизвикува Бајден и отпатува во Иран: Трилатерална средба со Раиси и Ердоган

Веднаш по патувањето на американскиот претседател во Заливот, рускиот претседател Владимир Путин замина за Техеран. Јасна порака: Русија не е изолирана!

Денеска започнува посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Иран, чија цел е продлабочување на врските со регионалните сили, наспроти САД и Европа. На своето второ патување во странство откако руските тенкови влегоа во Украина во февруари, Путин планира разговори со иранскиот претседател Ебрахим Раиси и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за некои од најитните прашања во регионот, вклучително и конфликтот во Сирија и предлогот, поддржан од Обединетите нации, да го обноват извозот на украинското жито за да ја ублажат глобалната криза со храна.

Посетата на Путин на Техеран доаѓа само  три дена по завршувањето на посетата на американскиот претседател Џо Бајден на Израел и Саудиска Арабија. Лидерот на Кремљ Владимир Путин денеска отпатува за Техеран каде ќе ја одржи својата петта средба со врховниот водич, ајатолахот Али Хамнеи и ќе има тринасочен самит со иранскиот колега Ебрахим Раиси и турскиот Реџеп Таип Ердоган. Според странските медиуми со ова Путин испраќа јасна порака до Западот -тој сака да покаже дека и покрај санкциите воведени како одговор на таканаречената специјална воена операција, Русија не е изолирана и, напротив, ја зајакнала својата силна врска со земјите од Истокот: со Кина, Индија и, сега со Иран.

Во меѓувреме пристигна соопштение од руското министерство за надворешни работи во кое се вели дека „Русија никогаш не го запре извозот на жито од украинските пристаништа на Црното Море“. Изјавата доаѓа непосредно пред очекуваната средба меѓу претседателот Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган во Техеран. „Напротив, правиме се од нас за да обезбедиме два хуманитарни поморски коридори во Црното и Азовското Море“, соопштија од московското Министерство. „Проблемите се високиот ризик од мини и заканите на Киев дека ќе пука во бродовите“.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....