7.8 C
Скопје
10:23 - 1 април, 2026

Путин: Финска и Шведска во НАТО? Не е закана, но ќе има одговор

Барањето за членство во НАТО на Финска и Шведска не претставува закана за Русија, но ќе предизвика одговор од Москва. Ова денеска го изјави рускиот претседател Владимир Путин, цитиран од Риа Новости.

Одговорот на Русија за влезот на Финска и Шведска во НАТО ќе зависи од проширувањето на инфраструктурата на Алијансата, објаснува Путин говорејќи на самитот на Организацијата на Договорот за колективна безбедност. „Проширувањето на НАТО е вештачко“, додава рускиот претседател Владимир Путин, цитиран од руската агенција Тасс.

„За време на специјалната операција во Украина добиени се документирани докази кои сведочат за фактот дека во близина на нашите граници се создадени лаборатории за биолошко оружје“, понатаму објаснува претседателот на Русија.

Инаку, официјалната апликација на Шведска за членство во НАТО се очекува денеска. Потегот во земјата, која се држи надвор од воените сојузи уште од Наполеонските војни, дојде откако Финска ја објави својата подготвеност да се приклучи на НАТО. Денешната дебата и овозможува на социјалдемократската влада да покаже дека има огромна поддршка за членството. Само две од осумте помали левичарски партии се против тоа.

 

Слични објави

Почина човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење, Биба Струја

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....