31.8 C
Скопје
12:26 - 11 септември, 2026

„Пукна“ љубовта: Јелена Карлеуша раскина со кошаркарот, откриено што ѝ напишал во пораката

Српската поп-пејачка Јелена Карлеуша стави крај на врската со кошаркарот Никола Јовановиќ, со кого медиумите ја поврзуваат со месеци.

Јелена Карлеуша одлучила отворено да зборува за сè и, како што наведува, тој ѝ го свртел грбот во многу тежок момент.

– Добро е кога луѓето порано или подоцна го покажуваат своето вистинско лице, а во овој период многумина го направија тоа. Таа (Милица Павловиќ) не се разликува од другите имиња на колеги, соработници и „пријатели“. Во последните неколку години, поради моите ставови, многумина ми го свртеа грбот, ми забодоа нож во грб и мојата добрина ја вратија со ѓон. Листата би ве шокирала – напишала Јелена Карлеуша на платформата Икс и додала…

– Од соработници како „Ателје Траг“ што ги направив познати, многу пријатели што ги поддржував, облекував, честев и им давав леб со години и децении, рекламирав фризерски салони, брендови, од пејачи што ги бранев како лав и им помагав да успеат… Еј! Луѓето се п….и. Па, човекот на кого му родив две деца се придружи на линчувањето и навредите, што да очекувам од другите – напишала Калреуша, а потоа открила дека и кошаркарот Никола Јовановиќ, со кого ја поврзуваа во врска, исто така е на листата на нејзините разочарувања.

– Се сеќавате на онаа приказна од минатото лето дека сум во врска со оној кошаркарот. Кога јавно во една реченица реков дека поминуваме време заедно, човекот ми напиша дека „Не сака целата омраза да премине од мене кон него“ и никогаш повеќе не ми се јави. А ниту јас нему. Ниту на кој било друг од мојата долга листа на разочарувања – навела Јелена Карлеуша.

Исто така, Карлеуша рекла дека е благодарна на сите што останале покрај неа, ја поддржувале, ја разбирале и ја бранеле, бидејќи тие се со неа кога е тешко и дека ќе им врати како што таа знае.

.

 

Слични објави

(Фото) Ваква Цеца досега не сте ја виделе: Се појави фотографија од младоста со сестра ѝ и родителите

Еспресо

(Фото) Богдана и Вељко Ражнатовиќ се забавуваа на Кипар: Се играло и ужичко оро

Еспресо

Доколку имате проблеми со видот јадете храна богата со витамин А

Еспресо

(Фото) Ѓина Џиновиќ мами погледи на Сардинија – ги покажа долгите нозе во фустан со висок прорез

Еспресо

Дневен хороскоп за 11 септември: Не пропуштајте ја можноста да ги претставите своите идеи

apostolova

Каролина сподели емотивен момент во чест на Владо Јаневски: Цел стадион ја пееше „Црно тиквешко“

apostolova
Се вчитува....