11:02 - 31 март, 2026

Проблеми за Џорџ Клуни: Славниот актер е дел од фирма која е обвинета за злоупотреба на детски труд

Instagram

Славниот актер Џорџ Клуни е заштитно лице на познатиот бренд Неспресо, фирма од која холивудскиот шармер досега има заработено 31 милион фунти, а која сега е обвинета за злоупотреба на детски труд.

Клуни, од друга страна е активен борец против злоупотребувањето на деца на полињата.

Како што пишува „Дејли мејл“, Клуни бил тажен кога ги видел снимките од деца во Гватемала, кои работат на плантажите осум часа на ден, за помалку од пет фунти.

– Бев изненаден и тажен кога го погледнав документарецот. Јасно е дека оваа компанија има уште многу работа. И, таа работа мора да се сврши. Работев на поле со тутун на свои 12 години и прилично сум свесен за сложените прашања коишто се однесуваат на земјоделството и детскиот труд – изјави популарниот актер.

Тој од 2006 година е заштитно лице на Неспресо, а во 2013 година му се придружи на Советодавниот одбор за одржливост на компанијата.

Фото: Инстаграм

Претседателот и извршен директор, Гијом ле Кунф, инсистира дека фирмата не толерира злоупотреба на детскиот труд и вети дека случајот ќе биде истражен.

Ова, инаку, не е првпат Неспресо да се соочува со обвинувања за присилна работа.

Новинарско истражување спроведено во декември, откри дека кафето кое се произведува со присилна работа во Бразил, има сертификат и жиг „без ропства“, и една од компаниите преку кои се продава е токму Неспресо.

Слични објави

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо
Се вчитува....