Принцот Хари и Меган Маркл службено ќе ги отстапат своите кралски должности на 31 март, а дотогаш имаат уште неколку закажани случувања на кои ќе присуствуваат. На собирањето за еко-туризмот во Единбург принцот оддржа говор, а водителката која го најави призна дека принцот ѝ рекол да го викаат едноставно Хари.
Водителот на локалната туристичка агененција „VisitScotland“ рече:
„Сакав да му кажам Вашето Височество, но едноставно рече Хари“.
Ова е првото службено појавување на принцот Хари во Обединетото Кралство откако со сопругата Меган Маркл и синот Арчи се пресели во Канада. Пред да го оддржи говорот, тој насмеан се дружеше со присутните.
Војводата од Сасекс го започна проектот „Travalyst“ за да ги поврзе водечките луѓе од индустријата и на туристите да им го олесни одбирањето на еколошки прифатливи опции за време на патувањето. Но, Хари и самиот е критикуван, бидејќи не се придржува кон тие мерки и самиот патува со приватен авион.