9.8 C
Скопје
12:38 - 1 април, 2026

Принц Хари сака да снима подкаст со Путин и Трамп: „Практичноста на идејата е сомнителна“

Според „Блумберг“, принцот Хари планира да сними подкаст со Владимир Путин и Доналд Трамп за нивното детство. Идејата наводно војводите од Сасекс ја разработиле заедно и веруваат дека ќе има голема гледаност.

Принцот Хари планира да сними серија подкасти со луѓе од висок профил, во кои сака да разговара со славните лица за нивното детство.

Авторот на написот тврди дека принцот Хари веќе одржал неколку состаноци со продуценти и продукциски куќи, на кои се разговарало за идејата за серијата подкасти, но за сега, ниту едно интервју конкретно не е договорени.

На листата на војвода од Сасекс, со најголем приоритет, се неговите евентуални гости рускиот претседател Владимир Путин, медиумскиот магнат Марк Цукерберг и поранешниот американски претседател Доналд Трамп од кои сака да „извлече“ интересни пикантерии за детските искуства и како тие понатаму влијаеле на нивниот живот.

„Практичноста на оваа идеја на Хари во најдобар случај изгледа сомнителна, имајќи предвид дека луѓето како Путин и Цукерберг ретко даваат опширни интервјуа за теми кои не се во доменот на нивниот интерес, а камоли да зборуваат отворено за нивното воспитување и трауми од детството“, смета новинарката на Блумберг, Ешли Карман.

Според Карман, Хари на продуцентите им приложил и други подкасти, серија за татковството, како и подкаст во кој би се дискутирале општествени прашања, од климатските промени до религијата.

Потсетуваме дека неодамна беше објавено дека принцот Хари и Меган Маркл го раскинаа договорот со Spotify од 20 милиони долари.

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....