Популарната пејачка Дафи (35) откри дека била заробена со денови и дека била дрогирана и силувана.
Пејачката е сега на сигурно и се опоравува, а одлучи и јавно да ја сподели оваа нејзина приказна.
Многумина се прашуваа зошто се повлече од јавниот живот, а кога ја контактирал новинар, пејачката одлучила своето трауматично искуство да го сподели со фановите.
Дафи на својот профил на Инстаграм објави текст во кој напиша што се случило, а под постот доби бројни пораки за поддршка за да ги преброди овие тешки моменти.
– Може само да замислите колкупати размислував дали да го напишам ова. Начинот на кој би го напишала и како би се чувствувала после тоа. Не сум сосема сигурна зошто сега е вистинско време и што е тоа што ќе ме „ослободи“ ако разговарам за тоа. Не можам да објаснам. Многу од вас ме прашуваат што се случи со мене, зошто исчезнав – ја започна приказната Дафи.
– Новинарот ме контактираше и пронајде начин да дојде до мене. Ова му го кажав минатото лето. Вистина е и верувајте ми дека сега сум добра и на сигурно. Силувана сум и дрогирана, ме чуваа во заробеништво неколку дена. Нормално, преживеав – напиша пејачката.
– За опоравување требаше време. Нема лесен начин за да се каже тоа. Но, можам да ви кажам дека во последната деценија, илјада и илјада денови во кои посакував да почувствувам топлина во моето срце, сега сјае. Се прашувате зошто не го користев мојот глас за да ја изрзам мојата болка? Не сакав на светот да му ја покажам тагата во моите очи. Се прашував како може да пејам од срце ако е скршено? И полека, сега е цело – напишала Дафи.
Пејачката во 2011 година го објави својот последен, втор албум. Нејзина најпозната песна е „Mercy“, која е снимена во 2009 година.