08:58 - 13 ноември, 2026

Познатата хрватска водителка доживеа сообраќајна несреќа, шест автомобили учествувале во судирот

Познатата хрватска телевизиска и радио водителка Барбара Колар (56) доживеала сообраќајна несреќа во Загреб, кога учествувала во верижен судир на шест автомобили. Несреќата се случила во вторникот вечерта, 20 октомври, на Славонска авенија, еден од најфреквентните патишта во хрватската престолнина. Едно лице е повредено и однесено во болница, додека водителката поминала без повреди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Barbara Kolar (@barbarakolar)

Кратко по несреќата, Барбара се огласила за хрватскиот портал „24сата“ и потврдила дека е добро. Иако ситуацијата била непријатна, таа успеала да го задржи ведриот дух и се пошегувала за материјалната штета предизвикана на автомобилите.

– Сè е во ред и сите се добро… Само лимарите ќе бидат среќни – реклс водителката, а потоа додалс:

– Станува збор за малку непотребен стрес во студена вечер.

Според информациите од загрепската полиција, пријавата за верижниот судир пристигнала околу 19:20 часот. Несреќата се случила на Славонска авенија, во сообраќајната лента што води кон источниот дел од градот.

Во судирот учествувале вкупно шест патнички возила, а едно лице е повредено поради што побарало медицинска помош. Повреденото лице е пренесено во болница, додека степенот на повредите не е прецизиран.

На местото на несреќата бил извршен полициски увид за за да се утврдат околностите под кои се случил судирот. Засега не е познато што ја предизвикало несреќата, како ниту вкупната материјална штета.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Barbara Kolar (@barbarakolar)


Барбара Колар е родена на 18 април 1970 година во Чаковец и со децении се смета за една од најпрепознатливите телевизиски личности во Хрватска.

Во текот на нејзиното долгогодишно работење во Хрватското радио-телевизија водела бројни емисии, меѓу кои „Добро утро, Хрватска“, „Круши и јаболка“, „Танц со ѕвездите“ и „Ѕвездите пеат“. Особено значајно беше нејзиниот водителски тандем со Душко Чурлиќ, со кого со години учествуваше во реализацијата на популарни забавни програми.

 

Слични објави

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо

(Фото) „Ти недостасува внимание, мајсторе?“: Мина Костиќ жестоко му одговори на Ѓорѓе Давид откако тој го нарече Каспер дух!

Еспресо
Се вчитува....