13:35 - 6 април, 2026

Позната српска пејачка била изневерена од нејзиниот дечко: Му го скршив телефонот и ја изедов сим-картичката

Познатата српска пејачка Едита Арадиновиќ гостуваше во подкаст, каде призна што е најлудото нешто што го направила во љубовта. Таа се присетила на моментот кога го фатила во лага еден од нејзините дечковци, по што му го скршила телефонот и ја изела сим-картичката.

Имено, пејачката еднаш пронашла пораки од друга девојка во телефонот на нејзиниот партнер, а тој се обидел да се оправда дека не ја изневерил и потоа излажал дека телефонот му е изгубен. Меѓутоа, додека биле заедно, момчето на Едита добило порака од споменатата девојка, што дополнително ја збеснало.

-Најдов пораки во неговиот телефон, лажеше дека не ме измамил, му верував. Направил приказна дека му паднал телефонот, дека го нашле некои ватерполисти и го вратиле. Доби порака од неа, го зедов телефонот, го скршив и ја изедов сим картичката, а не беше микро сим-картичка, туку поголема – изјавила Едита.

Оваа исповед на пејачката стана вирална на социјалните мрежи и насмеа многумина, а иако таа веќе зборуваше за ова пред неколку години, на овој необичен потег секогаш сите се смеат.

Слични објави

(Видео) „Да полудам“, нов хит на „Браво бенд“

msp-admin

Азис повторно е сингл? Мистериозното исчезнување на „американскиот хирург“ ги подгреа сомнежите дека бракот бил навистина лажен

E.A.

Мелани Тарчуловска: Татко ми го тераше дечко ми да ја чисти валканата гаража без ракавици

msp-admin

„Бебето личи на неа“: Кумот на Милица Тодоровиќ проговори за пејачката, откри кога ќе се врати на сцената

Еспресо

Мајка ми рече дека таа девојка не е за мене: Огнен Здравковски се отвори за љубовта

msp-admin

(Фото) Цеца Ражнатовиќ во тексас стајлинг од 9.000 евра, се облекла во „Шанел“ од глава до пети

Еспресо
Се вчитува....