3.8 C
Скопје
01:39 - 10 март, 2026

Позната босанска пејачка ја тужи Ана Николиќ: Правдата ја бара на суд поради скандалозните закани

Босанската пејачка и поранешна членка на „Задруга“, Оља Бајрами ја тужи својата колешка Ана Николиќ, поради инцидентот што се случи на крајот на декември минатата година. Тогаш Оља изјави дека Ана ѝ се заканувала и ѝ ја загрозила безбедноста.

Како што пишува „Курир“, Бајрами чекала да поминат новогодишните празници, а штом поминале, контактирала со адвокат. Оља решила да ја тужи Ана бидејќи, како што изјавила, „ѝ се заканувала со шишање, силување и навивачи“.

Оља за медиумите потврди дека ја тужела пејачката.

-Да тоа е точно. Нема да поминувам низ вакви страшни работи – кратко изјави пејачката за „Курир“.

Да потсетиме, контроверзниот настан се случи кога Ана дојде пред студиото на композиторот Горан Ратковиќ Ралета.

– Ми се закани. Таа кажа секакви работи. Ми се закануваше со навиваќи, ми рече дека ќе ме ишиша… Па, да не зборувам, сè беше многу грдо. Не можам да објаснам колку е грдо и срамно за една некогашна ѕвезда, а сега кралица на сите насловни страници на жолтиот печат. На што се спушти, мене ми е страшно. Не можете да ги повредите луѓето околу вас само затоа што сте повредени, па палите сè пред вас. Испаднав будала што се најдов таму. Треба да објаснам зошто дојдов во студиото на продуцентот да донесам пари и да ја завршам песната. Срамота! Како прво, не можеш да ги корнеш луѓето со кои работиш, така не се однесува ѕвезда – изјави тогаш Оља за горенаведените медиуми.

Слични објави

Бројките не лажат: Водењето љубов наутро ги зголемува шансите за поголема плата и за напредување на работа

Еспресо

(Фото) Снаата на Цеца во бунда од природно крзно од 5.000 евра: Богдана Ражнатовиќ во Русија, не ја тргна насмевката покрај Вељко

Еспресо

(Фото) „Ми рече дека нема да доживеам 50 години“: Милиќ Вукашиновиќ се спротивставува на судбината и го слави животот, по ампутацијата на ногата

Еспресо

Познатиот пијанист ги демантираше гласините: „Не сум момче на Азис“

E.A.

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Анѓелка за 8 Март доби необично изненадување: Сопругот ја однесе на печење на пазар

E.A.
Се вчитува....