Федералната комисија за комуникации примила 1.312 жалби од гледачите кои се пожалиле за настапот на Џенифер Лопез и Шакира во текот на полувремето на Супербол, кога пејачките меѓу другото, играа околу шипка, тверкуваа, играа стомачен танц и направија неколку алузии на секс.
Некои од жалбите дошле од родителите кои се пожалиле дека нивните деца биле изложени на „порно програма“.
Други возрасни луѓе сметаа дека ваква програма поттикнува на трговина со секс.
Некои пак биле вознемирени дека пред овој настап, кој според зборовите на гледачите, бил помалку музички, а повеќе како настап од стриптиз клуб, немало никакво јавно предупредување.
Гледачите ширум Америка напишале бројни навреди на сметка на изгледот и настапите на популарните пејачки, а ова се само некои од нив.
Неприкладно е за деца
Многу родители останаа бесни откако настапот го изгледале со своите деца.
„Настапот на Џенифер Лопез на полувремето на Супербол беше исклучително експлицитен и сосема неприфатлив за настан што го гледаат семејства, вклучувајќи и деца. Морав да им речам на моите деца да излезат од собата за да не бидат изложени на нешто што не треба да го видат“, пишува во коментар што го оставило лице од Јута.
„Моето семејство беше многу возбудено што ќе го гледа Супербол вечерва. Меѓутоа не бев подготвена да ѝ објаснам на мојата единаесетгодишна ќерка зошто Џенифер Лопез често се фаќа за меѓшуноѓжјето“, се жали гледачка од Вашингтон.
„Настапот на полувремето беше од прилично сексуална природа. Никогаш не сум видел толку сексуални пози надвор од порномагазин“, вели гледач од Њујорк.
Луѓето се жалеле и на „секси мавтањето со јазикот“ и „тресењето со задникот“.
„На што ги учите вашите девојчиња? Играјте полуголи за да ги возбудите мажите и после жалете се дека ве вознемируваат? Дали е во ред да бидете некое „сексуално суштество“ и да тресете со голиот задник и да го изложувате своето меѓуножје и да играте на шипка пред цел свет?“, се прашува гледач од Висконсин.
„Џенифер Лопез се вртеше околу шипката за стриптиз и тресеше со задникот пред моите очи и пред очите на мојот сопруг и децата. Ќе го бојкотиртаме Супербол.“, пишува жена од Тенеси.
„Јас сум една од оние кои го сменија каналот штом видов за што се работи. Фокс и НФЛ би требало да сносат одговорност за тоа.“, се жали лице од Тексас.
Супербол го следеа 102 милиони гледачи на неколку канали и преку интернет, според податоците на Фокс.