8.8 C
Скопје
11:57 - 1 април, 2026

Последен концерт на ФИЛ КОЛИНС во неговиот живот: „БОЛЕН СУМ, не можам повеќе да свирам“

Фил Колинс повеќе нема да изведува концерти во живо, пренесува Мирор неколку часа по настапот со „Генесис“ во арената во Лондон. Легендарниот 71-годишен лондонски пејач и тапанар повеќе не може да свири поради операција на грбот, објасни британскиот таблоид.

Колинс, кој се пошегува на обожавателите дека сега ќе мора да најде „вистинска работа“, го одржа својот последен концер, настапувајќи седечки. Колинс изгледал слаб и уморен, а не можел на бината да стои и покрај тоа што употребува бастун.

Во интервју за Би-Би-Си, тој ги кажа своите фрустрации предизвикани од болеста и сонот да настапи со својот син Николас: „Би сакал да настапам со него на сцената, но едвај држам бастун во раката“, признал тој.

Колинс ја започна својата кариера во 1970-тите со Genesis како тапанар, како вокал на групата кога Питер Габриел замина во 1975 година.

Физичките маки на пејачот датираат од 2009 година кога несреќно ги згмечил пршлените на рбетот. Последователните операции не ја подобрија ситуацијата, туку предизвикаа оштетување на нервите. Згора на тоа, на музичарот му се појавија и  проблеми со дијабетесот и пад при кој незгодно ја повреди главата во 2017 година.

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....