3.8 C
Скопје
00:31 - 13 март, 2026

Попоски: Температурите паѓаат длабоко под нулата, еве кога

Поради намалувањето на облачноста и разведрувањето, претстојната ноќ во Македонија ќе биде ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНА со минимални температури кој речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата. До утре изутрина температурите ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 1 степен, а на високите планински северозападни предели температурите се очекува да се спуштат дури до -10 степени, а може и под -10 степени.

Овие температури се невообичаено ниски за крајот на месец март. 

Во Скопската котлина температурата до утре изутрина се очекува да се спушти до -2 степени.

Во Македонија се очекува појава на умерен до ЗАСИЛЕН мраз, а ова МНОГУ ЛОШО ќе се одрази врз овошките.

Потоа во следните неколку денови преку ден температурите ќе бележат тенденција на БРЗ и ГОЛЕМ ПОРАСТ и ќе надминуваат 20 степени. Времето ќе биде претежно стабилно и суво а оваа ноќ и утре и тоа особено Долж Повардарието и во источните предели сеуште ќе дува ЗАСИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец.

Нови врнежи од дожд барем според последните направени анализи ќе има за време на викендот кој доаѓа, кога ќе дува и југозападен ветер и истиот повремено и локално ќе засилува на интензитет. Сепак детална анализа околу ова следува овие денови – вели метеопрогнозерпт Славчо Попоски.

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

 

Слични објави

Фаталната Славонка со жешките фотографии откри дека нешто се крчка

Еспресо

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо
Се вчитува....