7.8 C
Скопје
10:22 - 1 април, 2026

Попоски со убави вести: Доаѓаат натпросечно високи температури, еве кога

– Во Македонија и тоа под влијание на антициклон, времето и во следните денови ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена облачност.

Исклучок ќе биде само недела кога ќе има повеќе облачност и локално провејување на снег, особено на планинските места.  Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец и истиот во недела и тоа особено Долж Повардарието повремено ќе биде ЗАСИЛЕН на интензитет.

Наутро температурите остануваа МНОГУ НИСКИ и понекаде и тоа особено во Малешевијата и на високите планини на северозапад ќе се спуштаат под -10 степени.

Максималните дневни температури пак ќе бележат тенденција на постепен мал пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 9 степени.

Понатамошен пораст на температурите и стабилно време ќе имаме и во текот на следната седмица со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени и истите ќе бидат НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ, додека наутро и понатаму ќе имаме негативни температури во поголем дел од Македонија.

Во Скопје и околината исто така продолжува стабилното, суво и сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Ветерот повремено и тоа во недела ќе засилува на интензитет. Во недела исто така ќе има повеќе облачност и на околните планини ќе има услови за провејување на снег. Температурите наутро ќе се спуштаат  до околу -7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 5 и 7 степени – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

 

Слични објави

Почина човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење, Биба Струја

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....