12.8 C
Скопје
15:19 - 24 март, 2026

Попоски: Продолжува бранот невреме низ Македонија, до кога ќе врне?

– Невремето и понатаму продолжува низ Македонија, и тоа поради големата влажна и нестабилна воздушна маса од запад и од северозапад.

До крајот на денешниот ден, и понатаму на многу места ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално повторно ќе има појава на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град. Токму поради ова апелираме на крајна претпазливост.

Во Скопје исто така ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, додека во делови од котлината повторно има услови за појава на краткотрајно невреме проследено со силен ветер, интензивен пороен дожд, електрични празнења и со појава на град.

Краткотрајно стабилизирање на времето ќе има во понеделник, додека во вторник, а особено во среда повторно ќе има поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Локално повторно ќе има појава на невреме. 

Долготрајна стабилизација на времето не се очекува.

Температурите нема да бидат екстремно високи и во следните неколку денови ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени, додека потоа и тоа според последните анализи околу 10 јули следува поголем пад на истите, и тоа поради продор на свежа воздушна маса оид север.

Температурата во Скопје во следните неколку денови ќе се искачи до околу 32 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

(Фото) „Момент на вечноста“: Тигар објави фотографија со Јована Јеремиќ во Виена

Еспресо

„Докторите ми ветуваа брза смрт“ – Ведрана Рудан за борбата со ракот: Две години умирам, а ништо не се случува

Еспресо

(Фото) Благоја Грујовски запеа за мајката на Гавазова со посебен повод

msp-admin

„Нe сум родена да живеам сама“ – ексклузивна исповед на Ана Бекута

E.A.

(Видео) Елена Велевска проговори за децата: Секогаш навивам за син ми

msp-admin

„Ти Станија не треба да бидеш пример на девојчињата“ – Понижувањето кое старлетата го доживеа во емисијата на Сања Маринковиќ и денес се прераскажува

E.A.
Се вчитува....