10:56 - 2 април, 2026

Попоски предупредува на циклон: Подгответе се за поројни дождови и ветер над 70 км/час, уште денес!

– Под влијание на циклонска активност од запад и на влажна и нестабилна воздушна маса, денес во Македонија и тоа од запад ќе се прошируваат врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец.

Во попладневните и во вечерните часови локално врнежите ќе бидат поројни (над 25 л/м2 воден талог), проследени со грмежи и СИЛЕН јужен ветер (над 70 км/час). Овие процеси би можеле да бидат застапени во форма на НЕВРЕМЕ кое е вообичаено за летниот период од годината и проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.

Слаби локални врнежи од дожд ќе има и утре. На високите планини ќе има услови за слабо провејување на СНЕГ.

Потоа од недела до вторник ќе биде стабилно и суво. Барем според последните метео материјали, нови врнежи од дожд очекуваме во среда.

Во Скопје денес особено попладне ќе има услови за нестабилност, проследено со ПОИНТЕНЗИВЕН дожд, силен јужен ветер и со појава на грмежи.

Температурите остануваат пролетно високи и без поголеми промени. Исклучок ќе биде недела кога ќе дува засилен северен ветер и температурите ќе бидат ПОНИСКИ. Истите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени. СТУДЕНО утро со слаб мраз ќе имаме во понеделник кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 3 степени.

Инаку следната седмица повторно очекуваме ПРОЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ на воздухот, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

 

Слични објави

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски раскажа неверојатна случка

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо
Се вчитува....