10.8 C
Скопје
12:06 - 30 март, 2026

Попоски: По Скопје, невреме се очекува и во останатите делови од Македонија, еве кога

– Овој пат со оваа голема влажна и нестабилна воздушна маса од запад и од северозапад, силно невреме го зафати Скопје и околината и истото предизвика паднати дрвја, и тоа поради олујниот ветер, интензивен пороен дожд, силни и чести електрични празнења, но и појава на град.

Невреме понатаму се очекува и во останатите предели од Македонија, а правецот на оваа голема влажна и нестабилна воздушна маса е од запад кон исток.

Во вечерните часови, во текот на претстојната ноќ, како и утре ќе продолжат поројните врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер на повеќе места низ Македонија. Локално ќе има појава на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења, како и со појава на град.

Локално се можни и поплавувања, а поради очекуваното силно невреме апелираме на крајна претпазливост.

Ново невреме се очекува и во текот на следната седмица, а температурите нема многу да се менуваат во споредба од оние кои ги имаме сега. Екстремно топло време не се очекува – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо

(Видео) Се вратив дома по 3 сабајле: Наум Петрески откри што му се случило на настап во Прилеп

Еспресо

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

Еспресо

(Фото) Гавазова изненади во холивудски гламур, ваква не ја знаеме

Еспресо

Прво огласување на Аца Лукас по приведувањето во Шведска: Точно е дека имаше проблем…

Еспресо

Хороскоп за 30 март: Овните прават важен чекор, Раковите конечно наоѓаат внатрешен мир

Еспресо
Се вчитува....