5.8 C
Скопје
06:39 - 1 април, 2026

Попоски: Ново невреме и локални поплави се очекуваат, еве кога

– Под влијание на циклонска активност од југоисток, како и на изразена влажна и нестабилна воздушна маса, и во следните десеттина денови времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во претпладневните часови.

Од пладне па натака ќе биде нестабилно, со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во Атмосферата, локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со значително количество на воден талог за кратко време, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.

Локално ќе наврне ГОЛЕМО количество на воден талог (над 60 – 70 л/м2), па затоа АПЕЛИРАМЕ граѓаните и тоа во случај на појава на НЕВРЕМЕ да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.

Во Скопје и околината исто така ќе има честа појава на нестабилност, проследена со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер а можна е и појава на НЕВРЕМЕ во делови од котлината.

Температурите на воздухот понатаму ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....