10.8 C
Скопје
23:43 - 3 април, 2026

Попоски најавува убави вести: Очекуваме снег и во градовите, еве кога

– Денес во Македонија продолжуваат повремените локални врнежи од дожд, додека на планините над 1200 м.н.в ќе има врнежи од снег, со што и снежната покривка ќе се зголемува.

Попладне и во вечерните часови, како и утре ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено ЗАСИЛЕН ветер од северен правец, со што од север ќе започне да се спушта ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕН воздух па така локално провејување на СНЕГ ќе има понекаде и на пониските места (градовите).

Во Скопје и околината ќе има послаби локални врнежи од дожд, додека кон крајот на денов и навечер ќе започне да дува умерен до засилен ветер од северен правец, па така освен на околните планини, услови за провејување на снег ќе има и во повисоките предели од котлината.

Минималните температури во следниот период повторно речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 2 степени, додека максималните дневни температури ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОНИСКИ за разлика од изминатите денови и ќе се искачуваат во интервалот само од 2 до 8 степени.

Инаку на Скијачките центри, а особено на Скијачкиот центар Попова Шапка од утрово владее вистинска снежна бајка, Снежна бајка утринава владее и на Бистра – Маврово, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.

(Фото) Најстарата сестра на Богдана Ражнатовиќ го слави 35-тиот роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо
Се вчитува....