3.8 C
Скопје
02:19 - 14 март, 2026

Попоски најавува рекордни температури во Македонија, еве кога

– Опасниот топлотен Африкански бран кој ја зафати нашата држава, но и повеќе делови од европа, следната седмица кај нас би можел да донесе рекодни температури на воздухот но и голема суша. Во следните дестина денови нема никаква најава за врнежи и освежување на времето, и ќе има многу сонце, а Ув индексот ќе има екстремно висока вредност (10).

Температурите ќе бидат далеку над просекот и во најголем дел од Македонија ќе надминуваат 35 степени, а локално и над 40 степени. Да напоменеме дека кон крајот на следната седмица, барем според сегашните изгледи, температурите особено во централните и во југоисточните предели би можеле да се искачат до рекордни 46, 47 степени. Оваа состојба будно ќе ја следиме и за секоја ново – настаната временска состојба граѓаните навремено ќе бидат информирани.

Преку ноќ пак температурите особено во Скопје, како и во централните и во југоисточните предели нема да се спуштаат под 20 степени, тоа значи дека пред нас се “Тропски ноќи”.

Апелираме поради екстремно топлото време, но и поради екстремно високата вредност на  Ув индексот, граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот).

Во Скопје максималните температури во текот на следните денови ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 36 и 39 степени.

НАПОМЕНА: Горе наведените максимнални температури на воздухот ќе се мерат под сенка, додека на сонце тие ќе бидат многу повисоки, и локално ќе се искачуваат над 50 степени, а понекаде можно е дури и до околу 60 степени – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо

Формула за љубов: Може ли навистина да се пресмета колку ќе трае една врска?

Еспресо

(Фото) Во рацете чанта од 10.000 евра, на нозете патики од 1.000: Ана Ивановиќ со стајлингот ги воодушеви и парижаните

Еспресо
Се вчитува....