08:47 - 14 ноември, 2026

Попоски најавува нови временски непогоди: Нова опасност од појава на крупен град, еве кога

– Следува краткотрајно стабилизирање на Атмосферата во Македонија.

Меѓутоа, за време на викендот повторно на МНОГУ МЕСТА низ Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Сево ова е поради влијанието на новата ПОГОЛЕМА влажна и нестабилна воздушна маса од запад и од северозапад.

Поради ГОЛЕМАТА енергија во Атмосферата, повторно за време на викендот ќе има ОПАСНОСТ од појава на локално и ПОИЗРАЗЕНО НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, големо количество на воден талог за кратко време (можни локални поплави), олуен ветер, силни и чести електрични празнења, како и со појава на град и истиот локално повторно би можел да биде ПОКРУПЕН.

Апелираме граѓаните повторно да бидат КРАЈНО ВНИМАТЕЛНИ за време на викендот кој доаѓа, и тоа поради ОПАСНОСТА од појава на НОВО ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ.

Во Скопје и околината повторно за време на викендот ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината можна е појава и на НЕВРЕМЕ, како и на локални поплавувања.

Температурите сепак и покрај ова остануваат ЛЕТНИ, и тие ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени. И понатаму не очекуваме температури кои се пеколно високи, и за нив ќе се изначекаме а и под знак прашалник е дали ќе ги имаме. Ние ќе имаме далеку попријатни летни температури за разлика од минатото лето, кое беше ПЕКОЛНО ЖЕШКО – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Дневен хороскоп за 15 ноември: Искористете го денот за релаксација

Е.А.

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо
Се вчитува....