5.8 C
Скопје
00:47 - 24 октомври, 2026

Попоски: Доаѓа врвот на екстремно жешкиот бран, еве кога

– Екстремно топлиот Африкански бран во Македонија продолжува и во следните денови, а во текот на следната седмица доаѓа неговиот максимум, кога ќе биде најтопло ова лето. Инаку ние како најголем метеоролошки медиум во Македонија прогласивме највисока опасност од екстремно високите температури, односно прогласивме црвен метео аларм, па затоа граѓаните да бидат крајно внимателни и да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), но и да пијат што повеќе течности, а работниците да избегнуваат директна работа на сонце, затоа што Ув индексот има екстремно висока вредност (вредност 10).

Времето во Македонија и во следните седум до десет денови ќе биде стабилно, суво и сончево, но ќе започне да дува ветер претежно од западен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Врнежи не се очекуваат, што значи дека ќе имаме сушен период.

Температурите во најголем дел од Македонија ќе надминуваат 35 степени, а на повеќе места тие ќе се искачуваат до околу 40 степени. Во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе надминуваат 40 степени, односно тие ќе се искачуваат и до 43 степени.

Следната седмица, односно во вторник и во среда барем според моменталните анализи, топлотниот бран кај нас ќе го достигне својот максимум и тогаш во најтоплите централни и југоисточни предели температурите се очекува да се искачат дури до околу 45 степени, а можно е истите и да надминат 45 степени.

Во Скопје и околината температурите во следните денови ќе се искачуваат до околу, а во текот на следната седмица и над 40 степени.

Ноќите на повеќе места ќе бидат тропски, што значи дека температурите нема да се спуштаат под 20 степени, и тоа особено во Скопје, како и во централните и во југоисточните предели од Македонија – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

НАПОМЕНА: Горе наведените максимални температури на воздухот ќе се мерат под сенка, додека на сонце тие ќе бидат многу повисоки и локално ќе се искачуваат и над 50 степени, понекаде можно е и до близу 60 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

„Не треба само да се оди во естетски салони“: Неда Украден откри како ја одржува витката фигура

Еспресо

„Џабе се потоа станови и скапи школарини“: Иван Босиљчиќ и Јелена Томашевиќ не отстапуваат од ова златно правило за ќерката Нина

Е.А.

„Пеење се слуша секоја вечер“: Соседите открија што се случува во луксузниот дом на Милан Станковиќ

Е.А.

(Фото) Големо славење во домот на Анѓелка Прпиќ, честитките пристигнуваат, се огласи и нејзината кума

Еспресо

Калиопи искрено проговори за посебниот однос со Ромео Грил: „Слепо му верувам, со него имаме посебна врска повеќе од 40 години“:

Еспресо

Никола Роквиќ за последната година од животот на татко му Маринко: „Од самиот почеток знаевме дека нема помош“

Еспресо
Се вчитува....