15:11 - 13 ноември, 2026

Дубровчани лути на хонорарот на Здравко Чолиќ за Нова година: „Не е нормална сумата“

Град Дубровник веќе го ангажирале Здравко Чолиќ за новогодишната ноќ, но дубровчани не се воодушевени од сумата што пејачот ќе ја добие за таа вечер. Сепак, од Градот велат дека се ќе се исплати.

Дубровник ќе плати 130.000 евра за предновогодишниот настап на Здравко Чолиќ, јавува Дневникот на Нова ТВ.

– Ми се чини убаво, народен пејач е, ќе направи добра атмосфера. Само 130.000 евра за неговиот концерт?! Нека му се на здравје – коментираат некои дубровчани.

– Страшно, еве јас не го поддржувам тоа – гласи еден од бројните негативни коментари во однос на сумата која Чола ќе ја добие. „Ова не е нормално“, нагласуваат други.

– Не знам кој тоа го договорил, треба да се обратат на љубителите на уметноста, нашиот градоначалник никогаш ништо не направил за нашите уметници – се коментира на социјалните мрежи.

Заменик-градоначалничката на Дубровник Јелка Тепшиќ рече дека верува дека сумата ќе се оправда со тоа што ќе има многу голема посетеност.

– На тоа навистина се смета, на исполнетоста на хотелите и на приватното сместување, како и на интересот на спонзорите – рече таа, пренесува Нова Тв.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zdravko Čolić (@zdravko.colic)

Инаку, настапот на Чола ќе биде до сега најскап настап за Нова година во Хрватска.

Слични објави

Рада Манојловиќ инвестирала 55.000 евра во бизнис – еве колку пари ѝ носи секој месец

Еспресо

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.
Се вчитува....