17.8 C
Скопје
15:11 - 18 октомври, 2026

Почина позната порно-ѕвезда: Спиела со повеќе од 80.000 мажи, дечкото ѝ починал пред две недели

Софи Андерсон, позната порно-актерка, почина на 36-годишна возраст, пренесува „Дејли мејл“. Ѕвездата на филмовите за возрасни почина само две недели по смртта на нејзиното момче, поранешниот фудбалер Оливер Спединг.

Зад себе остави четири деца.

Во индустријата за возрасни работела од 2017 година, а поранешниот фудбалер го запознала на снимањето на еден од филмовите.

Повеќе детали за нејзината смрт не се познати.

Порно-актерката во март минатата година се борела за живот поради сепса, откако еден од нејзините импланти на левата града се инфицирал, а подоцна и експлодирал.

Британката минатата година изјавила дека спиела со повеќе од 80.000 мажи.

– Ако тргнеме од точката кога почнав да се занимавам со проституција, а имав 17 години, би рекла дека тогаш имав секс со 5.000 луѓе годишно. Да, токму така беше. Тогаш се гледав со 10 до 20 клиенти дневно – рекла Андерсон во подкастот „The Fellas“.

– Додуша, бројката во меѓувреме се намали. Меѓу другото, и затоа што престанав да се занимавам со проституција. Мислам дека сега зборуваме за 15-тина луѓе неделно – раскажала Софи, која отворено била бисексуалка.

 

 

Слични објави

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.
Се вчитува....