5.8 C
Скопје
00:40 - 17 март, 2026

Почина помладиот брат на Шерон Стоун: „Моето срце е откорнато од градите“

Почина братот на легендарната актерка Шерон Стоун (64).

Според американските медиуми, Патрик Стоун починал минатата недела во Пенсилванија, а имал 57 години.

Од канцеларијата на судскиот совет за TMZ изјавиле дека Патрик доживеал ненадеен срцев удар поради срцева болест. Не е познато дали тој бил хоспитализиран во моментот на неговата смрт.

Шерон се уште не се огласила. Како што објави Page Six, сопругата на Патрик, Таша Стоун, ја сподели тажната вест со пријателите, пишувајќи: „Моето срце се чувствува како да ми е извадено од градите. Патрик отиде да биде со нашиот сладок Ривер… Не знам што друго да кажам, тој беше мојот свет“.

Ривер беше 11-месечен син на Патрик и Таша, кој почина од откажување на органите во август 2021 година. „Не сум сигурна каков би бил животот без мојот сопруг покрај мене и искрено, не сакам да знам. Само се надевам дека секогаш ќе бидеш тука за мене и ќе ги чуваш Хантер, Кејли и мене“, додаде Таша.

„Додека повторно не се сретнеме, вечно ќе те чувам тебе и нашите прекрасни (и некои не толку прекрасни, но подеднакво важни) спомени при моето срце и секогаш ќе ги негувам тие спомени. Те сакам душо. Моја желба е низ сето ова, барем Ривер да го има својот татко, и се надевам дека вие двајцата најдобро си поминувате“, го завршила Таша тажното збогување со сопругот.

Инаку, Шерон прва објави дека нејзиниот внук Ривер имал целосно откажување на органите една недела пред неговата смрт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)

„Мојот внук и кумче Ривер Стоун денеска беше пронајден во неговото креветче со целосно откажување на органите. Молете се за него. Ни треба чудо“, напиша таа покрај фотографијата на момчето во болница поврзано со машина.

 

Слични објави

Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

Еспресо

„Добила до 1.000 евра за услуга“: Аца Лукас ги разобличи старлетите кои тврдат дека биле со него

E.A.

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

„Кожата ми се менува секој ден“: Едита Арадиновиќ искрено за бременоста

E.A.
Се вчитува....