0.8 C
Скопје
06:00 - 27 октомври, 2026

Љубовен хороскоп за Денот на вљубените: За кои хороскопски знаци љубов и романтика, а кој ќе раскине денес?

ОВЕН

На овој ден ризикувате да одите предалеку во комуникацијата со припадниците на спротивниот пол, велат ѕвездите. И тие ве советуваат да ја задржите златната средина: не флертувајте премногу, но не се ни повлекувајте.

БИК

Овој вторник ќе треба да го држите под контрола егото. Нема да биде така лесно да го направите ова, но за доброто на врската со саканата личност, можете да се обидете, велат ѕвездите.

БЛИЗНАЦИ

Ако другата половина ве праша за нешто за што малку знаете, не обидувајте се да изгледате попаметно – веднаш признајте дека не сте информирани. Вашата искреност ќе биде одлучувачка на Денот на вљубените.

РАК

На овој ден треба во се да се консултирате со саканата личност, велат ѕвездите. Ако покажете прекумерна иницијатива, ќе трпи не само вашата врска туку ќе ја расипете и љубовта.

ЛАВ

Овој вторник избраникот може да ве вознемири со нешто, велат ѕвездите. Но, тие предупредуваат: прво поправете ја ситуацијата, а потоа побарајте го потеклото на неговото однесување. На 14 февруари треба да дејствувате не само брзо, туку и мудро.

ДЕВИЦА

Доколку сте во потрага по партнер, тогаш на 14 февруари пред вас може да се појави цела „чета“потенцијални партнери. Сепак, бидете селективни и пребирливи, советуваат ѕвездите.

ВАГА

Грижете се за вашата сродна душа денес, викаат ѕвездите. Ако на 14 февруари не сте доволно внимателни кон неа, тогаш не можете да сметате на разбирање од нејзина страна. Затоа, организирајте романтична вечера.

СКОРПИЈА

Ако дозволите емоциите да го извлечат најлошото од вас, подгответе се за вистински скандал, велат ѕвездите. И тие предупредуваат: некој близок на овој ден несакајќи ќе ве навреди. Затоа, згаснете ја љубомората.

СТРЕЛЕЦ

Доколку на 14 февруари ви треба помош од партнерот или нешто ве мачи околу врската, кажете му за тоа, советуваат ѕвездите. Вашата тајност овој вторник може да ве изигра.

ЈАРЕЦ

На овој ден ќе бидете на иста бранова должина со саканата личност, велат ѕвездите. Доколку долго време размислувате за некои сериозни промени во вашата врска, можете безбедно да ги побарате на 14-ти февруари. Осамените имаат шанси за прекрасни средби.

ВОДОЛИЈА

На овој ден можете да станете жртва на озборувања и интриги.  Ѕвездите ве поттикнуваат на 14 февруари да не бидете искрени со никого. Особено за оние прашања кои се однесуваат на вашата врска со спротивниот пол.

РИБИ

Ако веќе долго време сакавте да ја прекинете врската, 14-ти февруари ќе биде одличен ден за тоа. Ѕвездите велат дека раскинувањето ќе помине полесно овој вторник од кое било друго време.

Слични објави

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо
Се вчитува....