7.8 C
Скопје
21:03 - 31 март, 2026

Почина легендарниот Макс фон Сидов: Глумеше во „Игра на тронови“ и фамозно играше шах со смртта (ФОТО+ВИДЕО)

Шведскиот великан Макс фон Сидов почина во својот дом во Франција на 90-годишна возраст. Веста денес ја потврди неговиот менаџер Џин Дајмонд.

Глумецот своето филмско деби го имаше во 1949 година, а оттогаш ужива во богатата холивудска кариера.

Во 2015 година се придружи во екипата на филмот „Војна на ѕвездите: Будење на силата“, а следната година како троокиот гавран во „Играта на престолите“.

Profimedia

„Со скршени срца и бескрајна тага го објавуваме заминувањето на Макс фон Сидов на 8 март 2020 година“, изјавил неговиот менаџер.

Во текот на неговата долгогодишна кариера тој двапати беше номиниран за Оскар, вклучувајќи ја и номинацијата за најдобар глумец во 1988 година за филмот „Пеле освојувачот“.

Фон Сидов сними 11 филмови со Ингмар Бергман, вклучувајќи го и „Седмиот печат“, во кој фамозно играше шах со смртта.

Profimedia

Се појави и во „Флеш Гордон“, во „Шатер ајсланд“ на Скорсезе, а го позајми гласот за „Симпсонови“ и се појави во три епизоди во „Игра на тронови“ во 2016 година.

Profimedia

„Макс фон Сидов, икона во кината седум децении, се чини како отсекогаш да беше со нас“, напиша режисерот Едгар Рајт на Твитер оддавајќи му почит на легендарниот глумец.

Актерот има два сина со првата сопругата Кристина Инга Олин. Во 1997 година се ожени со Кетрин Брелет во Прованса и стана граѓанин на Франција пет години подоцна.

Слични објави

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо
Се вчитува....