21.8 C
Скопје
17:37 - 9 октомври, 2026

Почина Џансевер, ѕвездата на ромската музика

Џансевер Далипова, една од најпрепознатливите ромски музички уметници од Македонија, почина по тешка болест, објави „ЕС Ромапрес“.

Во текот на својата долгогодишна кариера таа остави силна трага на Балканот, во Турција и меѓу ромската дијаспора ширум Европа. Џансевер беше текстописец, композитор и изведувач со исклучително препознатлив глас и сценски идентитет.

Џансевер Далипова е родена на 8 јули 1967 година во околината на Велес, како најмлада од седум деца во ромско семејство. Нејзините родители биле земјоделски работници, а детството го поминала во скромни услови.
Уште како дете се соочила со големи животни трагедии. На осумгодишна возраст го изгубила едното око во несреќа, а само неколку години подоцна, на дванаесетгодишна возраст, останала и без својот татко.

Но токму музиката станала нејзиниот начин да се избори со животните тешкотии. Уште како многу млада го покажала својот талент за пеење и танцување, а на шеснаесетгодишна возраст веќе настапувала на свадби, во ресторани и други локали.

Во 1992 година го издава својот прв албум „Kemano Bašal“ на ромски јазик. Во создавањето на албумот учествувале познати музичари, меѓу кои Ферус Мустафов, Ахмет Расимов, Себастијан Аметовски и Енвер Рашид.

Следувале повеќе изданија на ромски јазик, меѓу кои „Soske“, „Tu Sijan Mo Đeneti“, „Gili E Ulavdenge“, „Čhavo Ka Ovelma“ и други.
Нејзиниот талент, сепак, многу брзо ги надминал границите на Македонија и на ромската музичка сцена.

Во 1997 година го издава албумот „Meçhul“ на турски јазик. Нејзиниот необичен и моќен глас го привлекол вниманието на еден од најголемите турски музички уметници, Ибрахим Татлисес, кој ја поканил да настапи во неговата популарна телевизиска емисија „İbo Show“. Изведбите на песните „Kara Çadır“ и „Yara Benim“ ѝ донеле огромна популарност во Турција и во поширокиот турскојазичен музички простор. Следувале албумите „Cemalim“, „Yollar Hasta Ben Yorgunum“, „Gönlümüzdeki Türküler“ и „İçimden Geldiği Gibi“.

Во 2008 година го издава албумот „Rovena o Note“ на ромски јазик, а во 2011 година следува албумот „Gypsy“, со кој уште еднаш се враќа кон своите музички корени.

Нејзиниот професионален успех се одвивал паралелно со една исклучително тешка лична борба. Во 1994 година ѝ била дијагностицирана сериозна ревматолошка болест – анкилозирачки спондилитис, позната и како Бехтеревова болест.
Болеста предизвикувала силни болки и сериозно го ограничувала нејзиното движење.

Од 2004 година живеела претежно во Германија, каде што продолжила со лекувањето. Во 2009 година била подложена и на оперативен зафат, по кој следувал долг период на закрепнување.

Слични објави

(Фото) Вељко Ражнатовиќ покажа што сè чува на својот имот: Фарма полна со животни и приватен хиподром

Еспресо

Весна Змијанац и Николја уживаат во Милано: Пејачката се фотографираше без шминка

Еспресо

Скандал и нови правила на „Мис Бугарија“: Забранети се силиконите и естетските корекции, фокусот е ставен на образованието

E.A.

(Фото) Албанската новинарка стана хит бидејќи се појави на теренот во штикли и мини здолниште

Еспресо

(Видео) „Долго ја чувавме нашата тајна“: доаѓа принова во семејството на Теодора Џехверовиќ

Еспресо

Драгана Клопчевска откри детали од бракот со Брејк: „Ако некоја му се пушта, јас прва ќе реагирам“

apostolova
Се вчитува....