09:30 - 19 ноември, 2026

Причината за целиот скандал со сопругата на Сергеј Трифуновиќ во трговскиот центар е палто од 4.200 денари!

Сопругата на српскиот актер Сергеј Трифуновиќ, Исидора Мијановиќ Трифуновиќ, се најде во центарот на вниманието по инцидент што се случи во трговски центар во Белград, за кој, според локалните медиуми, ѝ се заканува кривична пријава за кражба.

Според првата верзија за настанот што ја објавија српските медиумите, Исидора по излегувањето од продавницата го активирала безбедносниот аларм, поради што реагирало обезбедувањето и ја повикало полицијата. Наводно им рекла на полицајците дека нејзиното палто „случајно се нашло во ќесето што го носела“.

Се наведува дека во нејзиното ќесе е пронајдено палто, чија вредност е околу 8.000 динари (околу 4.200 денари). Бидејќи прагот за ситна кражба е 5.000 динари, според одредбите од Кривичниот законик, случајот е квалификуван како кривично дело кражба од член 203, што е казниво со парична казна или затвор до три години.

Како што објавија медиумите, дежурниот јавен обвинител на Првото основно јавно обвинителство во Белград наложил против Исидора Трифуновиќ да се поднесе кривична пријава по редовен пат поради сомнение за сторено кривично дело кражба. Надлежното обвинителство и судот ќе одлучат за понатамошниот тек на постапката.

По краток престој, брачната двојка Сергеј и Исидора го напуштиле судот, без понатамошно огласување или изјави за медиумите.

 

Слични објави

Измешајте, испечете и уживајте — рецепт за мек овесен леб со свежо сирење

К.С.

Хороскоп за 19 ноември: Бикови, ќе имате среќа на секое поле

Еспресо

Ви се спие кога врне? Науката објаснува зошто звукот на дождот нè смирува

К.С.

(Фото) Беше најубавата Југословенка, ја изгуби светската круна поради голи фотографии, а и денес изгледа феноменално

Еспресо

(Видео) „Жената не е ничија сопственост“ — Александар Динев со порака против насилството и осудувањето на жртвите

К.С.

(Фото) Ела Дворник им покажа на своите ќерки фотографија од младоста, нивните реакции се вистински хит!

Еспресо
Се вчитува....