15.8 C
Скопје
23:27 - 9 октомври, 2026

(Фото) „Детето во мене конечно се смири и легна да одмори“: Ивона Јо го прослави 30. роденден во розов фустан и торта со срциња

Македонската пејачка Ивона Јовановиќ, која на јавноста ѝ е позната по сценското име Ивона Јо, го прослави својот јубилеен 30-ти роденден.

Во објавата на нејзиниот инстаграм-профил, Ивона откри дека роденденот го прославува на местото каде отскогаш посакувала да биде – на сцената пред својата публика. Покрај емотивната порака, таа го одбележа овој важен ден од нејзиниот живот со роденденска фотосесија.

На фотографиите пејачката позира во розов фустан покрај балони во форма на бројката 30. Во рацете држеше симпатична роденденска торта со срциња.

– Отворена нова деценија. 30. Counting my blessings, not years. Моментално сум на сцена и пеам. Постот го закажав сам да се објави. Таму сум каде што посакував цел живот да бидам. Немам план толку бргу да пораснам но Бог имаше друг план за мене. Година на брзо созревање. Година каде што детето во мене конечно се смири и легна да одмори. Година каде една насмевка недостасува.
За сите убавини, за сите лекции, за секој благослов што Бог ми го подари. Тато, ќе ми фалиш денес. Ќе ми фалиш и во сите денови што допрва доаѓаат. До следно видување. God has been faithful through every season – напиша таа покрај фотографиите.

Слични објави

Откриени се детали за здравствената состојба на Саша Ковачевиќ откако ги одложи концертите

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ се огласи од Бали: „Дојде моментот да споделам со вас…“

Еспресо

Ника Тошиќ уживаше во друштво на татко ѝ Душко, Јелена Карлеуша веднаш ја „искритикува“

E.A.

Ѓоле Ѓогани разочаран поради односот на Лепа Брена

E.A.

Саша Ковачевиќ ги одложи концертите по операцијата: Организаторите ги открија деталите

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ покажа што сè чува на својот имот: Фарма полна со животни и приватен хиподром

Еспресо
Се вчитува....