10:09 - 6 февруари, 2026

По еден Џони Деп за секоја дрога: „Џони под квалуд е различен од Џони под адерал и кокаин“, објаснува „фекалната кралица“ Херд

Драмата во судницата во Вирџинија продолжува, „пиратот“ носи костуми на нарко-бос, а „посраната“ кралица одговара дотерана во облека во деловен стил кои ја нагласуваат нејзината студена, скршена убавина. Немсто оружје, користат остри зборови, а тука се и деталните извештаи од психолози, адвокати со милионерски сметки, аудио и видео снимки и „документиран“ измет.

Тој на социјалните мрежи освојува неколку милиони лајкови,  таа сè уште лебди во бурите на процесот, па затоа е уште поагресивна. Во прашање се угледот, достоинството и десетици милиони долари, или она што остана од нив, ако се вклучат и платените сметки на адвокатите и ПР тимовите. Деп против Херд ја претставува разиграната-воајеристичка страна на правната драма во американски стил, а сижето се основа на „фекална привлечност“.

Во средата навечер дојде редот на сведочењето на Амбер. „Кога е во добра форма, Џони е неверојатен, но Џони под опијати (е сосема поинаков), Џони под квалуд (како барбитурат) е многу различен од Џони под адерал (дрога за концентрација) и кокаин: и јас научив пред кој Џони стојам…“, раскажува глумицата.

„Тој фрли шише кон мене, а јас го избегнав, за среќа. Но, тогаш тој се приближи со скршеното шише и го впери во мојот врат … имаше стакло на подот, насекаде … Се кријам зад шанкот и слушам стакло како се крши насекаде .. врескаше по мене, рече дека ме мрази, дека му го уништив животот… тој врескаше нешта како „ќе те убијам“… Никогаш во животот не сум имала толкав страв“.

Амбер Херд зборува бавно, низ солзи, прочистувајќи го грлото меѓу речениците, кажувајќи ја својата верзија. Тоа беше петнаесеттиот ден од судењето кое на светот му ги прикажува во живо (на ТВ и стриминг преку интернет), највалканите сцени од животите на холивудските ѕвезди, а овојпат излегоа на виделина и видеата кои Џони го прикажуваат пијан и агресивен.

Првите две недели од судење пред судот во Ферфакс, Вирџинија, беа во знакот на долгиот монолог на Деп, кој ја прикажа Херд како лажга заинтересирана само за неговите пари.

Тоа беа две многу лоши недели за нејзиниот имиџ: Деп ја покажа фотографијата од неговиот кревет во кој ставила измет; милионерската хуманитарна донација што Херд ја вети, а никогаш не беше платена, и многу повеќе. Уривањето на имиџот стана до толку големо и брзо што ја натера Херд веднаш да ги отпушти своите консултанти за комуникација, познатите (и многу скапи) Precision Strategies основани од поранешниот директор на изборната кампања на Барак Обама. Херд сега се потпира на Шејн комуникации, друга моќна куќа, но многу е невообичаено да се менуваат консултантите на средината на судскиот процес, што е јасен знак на незадоволство, мака и проблеми.

На Твитер, хаштагот #AmberHeardIsALiar кој ја означува како лажга е искористен во повеќе од 31.000 твитови, засенувајќи го хаштагот #IStandWithWithAmberHeard кој ја брани и има нешто повеќе од 21.000 твитови. На ТикТок пак,  хаштагот #JusticeForJohnnyDepp се зголеми на преку 7,6 милијарди прегледи, додека хаштагот #JusticeForAmberHeard има 26,5 милиони прегледи.

Слични објави

Јелена Карлеуша бесна на Теодора Џехверовиќ: „Девојко, ти можеш да постоиш само три месеци на сцената!“

Еспресо

„Со него сум 19 години, имаме две деца“: Скандалозна исповед на жена која тврди дека е во брак со партнерот на Милица Тодоровиќ

Еспресо

Хороскоп за 6 февруари: Вагите ја враќаат рамнотежата, Лавовите добиваат заслужено признание

Еспресо

Марија Микиќ официјално се разведе: Пејачката ги потпиша документите, крај на приказната!

Еспресо

Ела Дворник повторно живее со поранешниот сопруг: „Вистински пекол на земјата!“

Еспресо

Познат пејач ја изневерува својата сопругата со маж: Водителот на Пинк откри шокантни детали

E.A.
Се вчитува....